Ромската асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“ објавува Повик за учеснички на обука за политички вештини

Стани идната лидерка во својата заедница!

Вложете во своето знаење и вештини и станете силна жена која е подготвена да се соочи со предизвици и да прави промени за својата заедница!

Обуката е наменета за сите девојки и жени Ромки кои сакаат да научат повеќе за важноста на жената во политиката, како се учества во носење одлуки во општините, како да влијаеш на промени во закони кои се носат во Собрание, како да добиеш поддршка од други жени и како вистински да влијаеш за позитивни промени во својата заедница.

*Право на учество имаат девојки и жени Ромки од 16 – 50 години од цела Република Северна Македонија.
*Краен рок за пријавување: 9.11.2021 (вторник)
*По завршување на рокот за пријавување, тимот на РАЖМ Лулуди ќе ги контактира селектираните кандидатки.
*Обуката ќе се одвива онлајн, 2 дена во месец ноември 2021г. (еден викенд, или две саботи)

Целта на обуката за политичка едукација и политички вештини e да ги зајакне и поттикне девојките и жените Ромки во нашата држава да земат активно учество во политичките процеси преку осознавање на основните демократски и граѓански права, закони и други правни одредби кои гарантираат политичко учество на жената.

Апликацијата можете да ја најдете тука.

Обуката е дел од Годишниот план за работа на РАЖМ „Лулуди“, поддржан од Цивика мобилитас