#СподелиАвторка: Донирани книги од женски авторки во Тетово и Пирок

Иницијативата #СподелиАвторка пристигна во Тетово и село Пирок. Со поддршка од локалниот тим, тимот на #СподелиАвторка ги посети библиотеките на Социјалниот културен центар во Тетово и градската библиотека во село Пирок, и донираше книги од женски авторки и феминистичка теорија обезбедена од Kolektiv Z – Young Friends of the Earth Macedonia.
Социјалниот културен центар во Тетово е резултат на посветеност и ентузијазам на група млади луѓе кои се обидуваат да го заживеат културниот живот, преку креирање простор за изразување и креативни содржини и поврзување на млади. Наскоро ќе бидат отворени и за јавноста.
Biblioteka Pirok постои од времето на Југославија, меѓутоа била за жал неодржувана и запоставена, се додека неодамна една група на пријатели не се заангажирале и ја реставрирале. Денес претставува центар за млади каде освен што ја користат како библиотека, во неа може да ги надоградуваат своите способности преку разни активности. Наскоро на нивната Фејсбук страна ќе можете да следите повеќе менторски содржини.
Source Facebook