Во општество кое прилично е конзервативно и затворено за позитивни промени во образовниот систем, сеопфатното сексуално образование во училиштата е се уште табу. Постои сериозен страв кај родителите, но дали е тоа случај и со надлежните институции и колку се подготвени да го имплементираат? 25 Минути истражува кои се придобивките од овој тип на едукација за децата и родителите, но и зошто постојано опаѓа квалитетот на образованието во земјава наместо да се подобрува.
Ненасилство, прифаќање на себе и своето тело, почит кон другите и емпатија кон различностите. Ова се дел од причините за кои се залагаат спроведувачите на пилот програмата за воведување на сеопфатно сексуално образование во формалното образование.
Гости во 25 Минути се Ајше Ајрулаи од Бирото за образование на РСМ, Елизабета Ивановска, психолог, Мери Цветковска, координаторка во ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Лулзи Алиу, заменик-министер за образование и наука и Виолета Симјановска, шеф на катедра на Академија Сибелиус во Хелсинки, Финска.