25 минути: Нема доволно возила за Брза помош, но затоа функционерите ги менуваат aвтомобилите
Поинаку звучи сирената на загриженост на функционерите – таа е насочена во сосема друг правец – во какви возила ќе се возат, наспроти спасувањето на човечки животи. Дали да се набават амбулантни возила не е приоритетот, туку со колку поголем луксуз ќе се натпреваруваат носителите на јавни функции.
Затоа и јавни набавки за кожен волан, шест звучници, металик боја за фукционерски возила беа атрактивни за за време на пандемијата, иако воопшто не можат да се доведат во врска со неопходноста и потребите за здравствената криза. Но, од друга страна, иронијата да биде поголема, недостатокот од амбулантни возила бил алармантен, токму во време на пандемијата.
Центарот за граѓански комуникации сите овие наоди ги констатирал – како се злоупотребуваат јавните набавки, дури и во време на корона кризата, кога беше ургентно да се мобилизира целиот здравствен капацитет и да се пренасочи во спасување на човечки животи. На набавката на функционерските возила се давала предност, наспроти неопходноста да се обезбедат амбулантни коли.
Гости во 25 минути се Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, Милица Бубало, раководителка на Итна медицинска помош во Скопје, и Себастијан Пикл од Новум Институтот од Љубљана.