25 минути: Хрватска стана ветена земја за македонските граѓани
Незадоволството од платите и невработеноста се само дел од причините поради кои Македонците заминуваат на сезонска работа во туристичките места, особено на Балканот. Бројот на работници од угостителскиот сектор кои главно се заминати во Хрватска, помеѓу 2021 и 22 година е дуплиран.
Бројките покажуваат дека годинава и над 10.000 работници ќе работат на Јадранскиот брег. Според Здравко Јосифовски од Независната угостителска комора, постојат повеќе причини за егзодусот.
Гости во 25 минути се Здравко Јосифовски од Независна угостителска комора (НУК), Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на С. Македонија, Роберт Митровски, претседател на Синдикат за угостителство и туризам и Христијан Темелков.