25 минути: Дали претстои тешка зима, и што презема Владата за да ги заштити граѓаните?

До крајот на месецов треба да има нов тарифник за струјата, како и нова цена за потрошувачите. Додека се подготвуваат измените, од Регулаторната комисија за енергетија (РКЕ) соопштија дека ќе има промени и во цените на парното, а сосема е извесно дека БЕГ од октомври нема да ги топли скопјани.

Во услови кога цените на горивата растат на дневно ниво, огревното дрво е поскапо за околу 20%, а гасот станува недостапен поради руската инвазија врз Украина, се наметнува прашањето – како да се подготват граѓаните за зимскиот период?

На што се треба најмногу да се штеди, кое и какво греење ќе биде оптимално, но и дали може владата да го заштити населението од енормните поскапувања на нафтата, енергенсите и прехранбените производи?

Ристо Цицонков, професор на Машински факултет при УКИМ

На Македонија и претстои период на ново поскапување на електричната енергија. Нискиот степен на инвестирање во електро–енергетскиот систем во државата триесет години наназад, во услови на глобална енергетска криза се заканува да предизвика нов удар и товар по џебот на граѓаните. Втор пат оваа година, за помалку од шест месеци струјата ќе поскапува. Новиот тарифник сè уште не е официјален, но веб страницата на Регулаторната комисија за енергетија (РКЕ) веќе има калкулатор за пресметување на новите цени.

Гости во 25 минути се Антон Чаушевски, советник за енергетика на премиерот Димитар Ковачевски, Ристо Цицонков, професор на Машински факултет при УКИМ и Константин Димитров, професор на ФЕИТ при УКИМ.