25 Минути: Зошто Македонците се најнесреќната нација на Балканот?
Според новото истражување за среќа и соодветни услови за живот кое годишно го спроведува Мрежата за решенија за одржлив развој на ОН, Македонија е рангирана на 89-то место меѓу 146 земји. Со оглед на резултатите од истражувањето, Македонија е убедливо најнесреќната земја во регионот. Истражувањето за „среќа“ се базира на податоци за економските параметри, условите за живот, степенот на корупција, како и животниот век на граѓаните.
Светот се соочи со многу трагедии кои му го променија ликот изминативе години. Пандемијата беше воедно и предвесник на состојбите кои влијаеа на расположението кај луѓето. Изминатиов период, дополнителна несигурност, страв и агонија кај човештвото допринесе енергетската и економската криза а од неодамна и војната во Украина.
Гости во новото издание на „25 Минути“ се Марко Трошановски од Институтот за демократија Societas Civilis, Виолета Симјановска, професорка на Сибелиус Академија, Хелсинки, Горан Јанев, антрополог, Брисел и Зоран Матевски, социолог и професор при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.