25 минути: Каква Македонија сакаме во 2023?
Ако 2022 беше година на енергетска криза и крај на пандемијата која мина во сенка на инфлацијата и поскапувањата, новата 2023 е година на големи очекувања, но, и на сериозни предизвици за граѓаните на Македонија. Над земјата веќе надвиснува облакот на грижи поради спорот со Бугарија, финансиската криза и последиците од војната во Украина која економски го парализираше светот.
Граѓаните, сепак, се надеваат дека стравот и неизвесноста ќе ги заменат со оптимизам и успех, и дека тие во новата година заслугите за справување со состојбите ќе си ги препишат сами на себе отколку на функционерите.
Покрај анкетираните граѓани низ Скопје, гости во 25 минути се Маргарита Цаца Николовска, судијка и претседателка на Институтот за човекови права и Никола Ѓорѓиевски, архитект, Копенхаген.