5 филмови/ТВ серии што треба да ги гледате на Денот на видливоста на транс лицата

Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите лица е годишен настан што се случува на 31 март посветен на славење на трансродовите лица и подигање на свеста за дискриминацијата со која се соочуваат трансродовите лица ширум светот, како и прослава на нивниот придонес кон општеството.

Disclosure

Извршната продуцентка на Disclosure е трансродовата актерка, активистка и икона Лаверн Кокс. Dislosure ја документира историјата на трансродовата застапеност во медиумите од почетоците на Холивуд до денес. Преку лични интервјуа од неколку транс и небинарни лица во индустријата, разоткривањето на овие приказни помага на публиката да разбере зошто многу поранешни медиумски прикази на трансродови лица биле исклучително штетни. Документарецот дава надежна порака за тоа како претставувањето на трансродовите луѓе на филмското платно и ТВ екраните може да влијае позитивно врз општествениот дискурс.

Pose

Pose е ТВ серија со најголема трансродова екипа во историјата. Ја портретира културата на живеење на малцинствата во Њујорк во 80-тите и 90-тите години од минатиот век. ТВ драмата ги отсликува тешкотиите за тоа како беше да се биде ЛГБТИ во овој временски период, вклучувајќи го и започнувањето на кризата со ХИВ/СИДА. Pose е искрено и возбудливо шоу, добивајќи многу признанија од ТВ/филмски критичари, но и  од публиката.

Boys Don’t Cry 

Boys Don’t Cry е филм од 1999 година базиран на вистинската приказна за трансродовo лице по име Брендон Тина. Дејството се одвива во Небраска и е посветено на животот на Брендон додека се стреми кон себе-прифаќање и како всушност станува жртва на ужасни злосторства од омраза. И покрај тоа што е малку контроверзно тоа што во главната улога е цис-жена, актерката Хилари Свонк, сепак ова дело има огромно културолошко значење затоа што е првиот филм на големото платно во кој главниот машки лик е трансродово лице. Во 2019 година, Конгресната библиотека го додаде Boys Don’t Cry во Националниот филмски регистар на САД поради неговото „културно, историско и естетско значење“.

Paris Is Burning 

Додека „Pose“ е измислен приказ на транс културата, „Paris Is Burning“ е документарец од 1980 година кој ја истражува истата тема. Во режија на Џени Ливингстон, филмот длабински ја истражува оваа заедница во 80-те години во Њујорк, расветлувајќи ги родовите улоги, кризата со ХИВ/СИДА, сексуалната работа, хомофобијата итн. Според критичарите, овој документарец има клучна улога за „The Golden Age“ на транс сцената. Во 2016 година, Конгресната библиотека го додаде Paris Is Burning во Националниот филмски регистар на САД поради неговото „културно, историско и естетско значење“.

Tangerine 

Целосно снимен на Iphone мобилен телефон, Tangerine ја следи Син-Ди Рела, трансродова сексуална работничка која открива дека нејзиното момче ја изневерува. Така, таа и нејзината пријателка Александра тргнуваат во мисија со цел да му се одмаздат на нејзиниот партнер. Transgender доби огромен број на признанија од критичарите и е пофален за начинот на кој ги портретира трансродовите лица.

Source CBR Healthline