Што е квир?
Различностите постоеле, постојат и ќе постојат и токму такви какви што се ги сакаме и прифаќаме. Често знаеме да ги изигнорираме, уште почесто да ги отфрлиме, а тоа најчесто се должи токму на неинформираноста.
Никогаш нема сè да знаеме, но затоа е убаво да се интересираме, прашуваме и најважно од сѐ да дадеме шанса на новото.Тоа е и во случајов со терминот, „квир“ кој не е така нов, но сепак за повеќето е непознат. Беше непознато и за мене до неодамна , па затоа ми требаше да истражам пред да го почнам текстов за да си направам еден „дабл чек“.
Л, Г, Б, Т … И, К, А, уште едно К, П… и што би рекле некои, цела азбука. Па имаш други поделби: пан, деми, греј, флуид, неутрал, поли…. Пред да стане преконфузно да разграничиме некои работи.
Пред сè да спомнеме дека род и пол не е исто. Родот се однесува на социјалните карактеристики и она како општеството гледа на еден типичен маж и типична жена, додека полот се однесува на физиолошките и биолошките карактеристики кои детерминираат дали еден човек е маж или жена. Всушност, полот се добива со раѓањето, а родот се учи.
Оттука, постојат два пола: машки и женски, и трет пол кој кај нас уште никаде не се спомнува – интерсекс, порано познат како хермофродит – термин кој инаку е навредлив.
Во однос на родот, некои ќе кажат машки и женски, некои ќе набројат многу. Е тука веќе оставаме на личноста. Најважно е како тие се чувствуваат, а со тоа ја имаат и слободата да се идентификуваат онака како што сакаат.
Мене ми се посебно драги некои андрогени личности, особено познати во областа на музиката: David Bowie и Boy George, кои со својата уметност и работа пркосат на хетеронормативоста е оприфатено во однос на она што е машко а што женско.
Да не должам многу затоа што за темава сакам да зборам до сабајле, ама ќе оставам моите колеги да кажат нешто повеќе.
Наредно е сексуалноста и сексуалната привлечност. Како што и погоре спомнав, во поново време луѓето сакаат да стават етикетичка плус, па да направат некоја поделба во однос на тоа што они чувствуваат и како се идентификуваат, ама сепак од друга страна навистина изгледа конфузно.
Затоа ќе ти ја дадам таа можност да не те замарам јас со поими, туку ти да си прогуглаш. Верувам дека основните Л, Г, Б и Т ги знаеш, па за другите поделби и подподелби направи си една експлоративна активност, чисто информативно, не дека стварно мора да ги знаеш.
Е сега, доаѓа на ред К или квир, што обично оди после Т. Квир, всушност, е umbrella term за луѓето кои не се хетеросексуалци ниту пак цис-родови. Со самото тоа опфаќа една палета на сексуалности и идентитети. Не мораш да знаеш што си, и тоа е во ред! Квир е најслободниот термин во однос на оваа тема.
Етимолошките почетоци на зборот всушност датираат од 19ти век, каде овој термин бил користен во негативна конотација. Обично опфаќал сè што е чудно и ексцентрично и сè што не е прифатливо за поширокиот дел од општеството.
После некое време станал навредлив, во поголема мера користен за да ги опфати феминизираните мажи и сè така до 60тите и 70тите години кога бил користен како порадикализиран термин кој ги опфаќал транс-луѓето.
Конечно, во 80тите години, терминот бил преземан од страна на припадниците на ЛГБТ заедницата, со цел да го искоренат негативното значење и да го припитомат во некоја позитивна конотација.
Оттогаш терминот се користи во друга конотација и одредени луѓе гордо се идентификуваат со него. Зборот дури се појавува во филмови, серии, натписи, транспаренти, паради и сл.
„We are here, we are queer, get used to it“ претпоставувам дека ви е позната фраза и истата била користен како акт на храброст, во време кога сидата одземала огромен број на животи.
Бидејќи има социополитичка конотација, терминот во поново време се користи претежно од страна на активисти – генерално од страна на луѓе кои се борат против хетеронормативноста и хомонормативноста.
Во кратки црти, ги отфрлаат сексуалните идентитети (стрејт, геј, лезбејка, би) и не сакаат да се идентификуваат со овие поими.
Едноставно тие се луѓе кои еднакво придонесуваат за општеството, плаќаат даноци, прават сè што прави еден обичен просечен човек и нема потреба да не загрижува нивната сексуална ориентација и нивниот родов идентитет.
Замисли секој да почне да се објаснува за својот пол, родов идентитет, сексуална привлечност, романтична привлечност итн… Оној што не сака да застане под етикета, односно едноставно не се пронаоѓа во целост, повеќе од прифатливо е да го користи терминот квир, затоа што квир не кажува ништо, а сепак кажува сè.
Некои пак не го сакаат овој термин, иако се користи како поинклузивен пристап за сите.
На крај на денот, важно е да се сакаме. Можеби звучам клише што сака да паметува, ама стварно нема потреба од оптеретување со непотребни етикети. Јас и ти ќе си бидеме прифатливи. Ако веќе не можеш или ти треба време да ги свариш поимиве, which is totally fine, барем немој да омаловажуваш и повредуваш други луѓе затоа што никогаш не можеш да знаеш низ што поминал некој и колку изглумил за да си го најде местото и да си живее како така слободно.
Јордан Јанчевски, Хера Млади