Австралија: Глобален лидер за здравствено отсуство поради менструалниот циклус и репродуктивното здравје
Австралија полека станува глобален лидер за здравствено отсуство за менструација и репродуктивно здравје, иако овие мерки се жестоко оспорени од конзервативните струи. Истражувачки тим на Универзитетот во Сиднеј неодамна спроведе работилница на оваа тема. Работилницата се одржува во моментот кога Зелената партија ја повика федералната влада да одвои 25 милиони долари годишно за да ги направи достапни санитарните производи во сите јавни средни училишта во Австралија.
Истражувачката Сиднеј Колуси изјави дека пандемијата КОВИД-19 привлекува внимание на здравствените потреби на работниците, вклучително и здравствена заштита за менструација и репродукција. Од друга страна па, дел од феминистките тврдат дека политиката на менструален одмор може да ја турка родовата еднаквост наназад.
„Не е тајна дека КОВИД-19 го сврте работниот свет наопаку. Потценувањето на разговорите не е решение, почнувајќи од домашните политика, па се до физичкото растојание кое всушност покажува зголемена свест за потребите на работниците, исто како и достапноста на лична заштитна опрема за работниците кои се во првите борбени линии со вирусот“, изјави Колуси.
„Треба да ги вклучиме и разговорите за менструалната и репродуктивната здравствена заштита во политичкото секојдневие. Уште од најрана возраст, девојчињата се учат дека менструирањето е нешто приватно, а понекогаш и срамно прашање. Но, овие застарени ставови мора да се променат за да можат нашите работни места да бидат продуктивни и инклузивни.“
Истражувачите откриле во претстојниот труд дека 17 земји спровеле или размислуваат за менструална политика, а најзаинтересирани се австралиските бизниси.
„И покрај овој напредок, ние сè уште не успеваме да ги адресираме овие разговори за менструацијаа на правото место, односно да ги доведеме на ниво на политички прашања. Ова влијае на родовата еднаквост и може да ги наруши обврските на Австралија да ги почитува и заштитува човековите права на жените. Овие политики можат да помогнат менструацијата и менопаузата да станат нормален дел од животот на работното место“, рече вонреден професор Елизабет Хил од Одделот за политичка економија.
Менструалното отсуство може да биде поларизирачко прашање за организациите и за феминистките.
The Victorian Women’s Trust воведе полиса за менструален одмор во 2017 година, дозволувајќи им на вработените да работат од дома или да бараат платено отсуство за менструација или менопауза. Организациите во приватниот сектор, вклучувајќи ги и Future Super и Modibodi, оттогаш го следеа примерот и воведоа слични политики.
Но, некои феминистки тврдат дека донесување на нова легислатива наменета за менструалниот одмор може да има негативно влијание врз прогресирањето на политиките за родова еднаквост.
„Менструалното отсуство може да биде поларизирачко прашање за организациите и за феминистките. Многумина тврдат дека ваквите политики можат да ја влошат родовата дискриминација и да ги зајакнат штетните стереотипи дека жените се физички слаби и помалку способни додека имаат менструација“, рече професорот Маријан Баирд од Бизнис школата на Универзитетот во Сиднеј.
„Ние не треба да отпишуваме политичко решение како што е отсуството од менструација и менопаузата, но сепак тоа решение треба да се донесе внимателно и на инклузивен начин. Наместо да ја отфрлиме политиката, треба да водиме почитувана и отворена дебата за тоа како може да се овозможат потребите за репродуктивно здравје на жените на работното место “.
Вонредниот професор Хил рече: „Нашето истражување за историјата на менструалниот одмор во Австралија покажува дека локалните иновации започнаа само во раните 2000-ти, кога Претставничкиот совет на студентите на Универзитетот во Сиднеј и Синдикатот на работниците за производство во Австралија беа вклучени во два одделни индустриски спора околу менструално отсуство “.
Друг пример за водечката улога на Австралија беше петицијата за отстранување на „данокот на тампон“. Предводена од Субета Вималараја, студентka на Универзитетот во Сиднеј и дел од Асоцијацијата Wom*n, петицијата го повика тогашниот благајник во австралиската влада, Хокеј, да ја отстрани даночната стапка за женските хигиенски производи. Петицијата допринесе за отстранување на даночните обврски за хигиенски производи за менструација во 2018 година.