Каде можете да живеете во Европа како дигитален номад?

Напливот на работа од далечина по пандемијата им овозможи на илјадници Европејци да се прилагодат на дигитален номадски живот.

Бројот на лица кои почнаа да живеат како дигитални номади стана толку голем, што огромен број дестинации се подготвени да им платат на семејствата и претприемачите да живеат и работат таму.

Понекогаш наречени „Градови на дигиталните платформи“, овие места често доаѓаат во форма на уникатни туристички селца и градови.

Многу фактори придонесуваат за тоа каде работникот од далечина одлучува да започне да работи. За среќа, поголем број места даваат понуди за кои се надеваат дека не можете да ги одбиете, во износ од дури 44.000 евра.

Комбинираната економска вредност на глобалната дигитална номадска заедница е гигантска и во моментов изнесува околу 669 милијарди евра во Европа, што ја прави неспорно вредна инвестиција.

Истражувањето на Вилијам Расел открива дека постојат три причини зошто градот обично е подготвен да им плати на луѓето да се преселат таму:

  • Ненаселеност
  • Економска стимулација
  • Реновирање на домување

Која и да е причината, еве некои од најдобрите места во Европа што нудат пари во замена дигиталните номади да се преселат таму и да добијат „фриленс“ виза:

Шпанија: мали градови во областите Галиција и Астурија
Ирска: целата земја
Швајцарија: планината Албинен
Италија: Сицилија и Сардинија
Италија: Села во Апулија, Абруцо и Калабрија

 

 

Source Euro News