25 минути: Брисел бара канцеларија за санкции за сите оние кои не почитуваат закони за јавните набавки
Одлуките на Влада за заштита на човековата средина не се почитуваат ниту од самата Влада, ниту од другите институции. Јавните набавки за екологија се широко поле за сомнежи за корупција.
И покрај тоа што на хартија македонското законодавство е усогласено со директивите на Европската Унија за загадувачите да ја надоместат штетата која ја предизвикуваат врз животната средина, на терен, недоволно се применуваат т.н грижливи политики, па така и на национално и на локално ниво, нема интегриран пристап при решавањето на проблемот со загадувачите.
Министерството за животна средина нема од каде да црпи информации и податоци, бидејќи нема унифициран план кој ги опфаќа сите сфери на животната средина. Оттаму и не се знае колку пари се наплаќаат, а потоа како и каде се распределуваат средствата за унапредување на животната средина.
Гости во 25 минути се Каја Шукова, државна секретарка во Министерството за животна средина, Борче Хаџиев, директор на Бирото за јавни набавки, Марина Блажевска, Државна ревизија, и Никола Ѓорѓиевски од Универзитетот во Аархус, Данска.