Tрето издание на Фестивалот на малата школа на краткиот филм во Битола
Фестивалот ќе се одржи од 30 октомври до 3 ноември 2023 година во рамките на програмата за одбележувањето на 4-ти Ноември – денот на ослободувањето на Битола. Сите проекции се бесплатни и се одржуваат во НУ Центар за култура Битола, партнер на фестивалот со Француската алијанса од Битола и Француското конзуларно претставништво во Битола, а предвидени се и две делокализирани проекции за учениците во основните училишта во Новаци и Бач.
Фестивалот на малата школа на краткиот филм е филмски фестивал наменет за учениците од основните училишта и е дел од акциите за едукацијата на сликата (филмска писменост) и откривањето на кинематографската уметност што ги спроведува француското здружението Aј Aј ВО/ Меѓународниот филмски фестивал Нанси, во текот на целата година.
Во Франција, годинава се одржува 19-то издание на „Le Festival de la Petite école du film court“, додека во Битола ќе го има своето трето издание. Овој настан е покана за откривање на оригинални филмови. Проекциите се проследени со размени со учениците за да ги поттикнат да зборуваат, да им овозможат да ги изразат своите чувства, емоции, да го развиваат своето критичко размислување, истовремено подигајќи ја нивната свест за кинематографската уметност.
Во програмата се вклучени кратки филмови прилагодени на возраста на учениците, разновидни по нивните форми (анимирани филмови, фикција, документарци, експериментални). Времетраењето на дискусиите по проекциите, водени од директорката на Фестивалот Бландин Брунхес-Гламчевски е прилагодено на возраста на публиката.
За Битола се предвидени три програми за ученици на возраст од 9 д 11 години и за ученици на возраст од 11 до 14 години. За првпат годинава на средношколската публика ќе и бидат претставени и кратките филмови, избрани и наградени од нивните врсници од Нанси, Франција, за време на 29-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, со кој од 2013 претседава македонскиот новинар Тони Гламчевски.
Фестивалот од Нанси со својата делокализација во Битола промовира ширење на кинематографската уметност и пристап до културата за сите. Мисија која е блиску до срцето на целиот наставен тим на La Petite École du Film Court.
Фестивалот ќе се одржи од 30 октомври до 3 ноември 2023 година во рамките на програмата за одбележувањето на 4-ти Ноември – денот на ослободувањето на Битола. Сите проекции се бесплатни и се одржуваат во НУ Центар за култура Битола, партнер на фестивалот со Француската алијанса од Битола и Француското конзуларно претставништво во Битола, а предвидени се и две делокализирани проекции за учениците во основните училишта во Новаци и Бач.
Реализацијата на филмскиот фестивал е финансиски е помогната од Општина Битола и Францускиот институт – Скопје, како една од акциите за ширењето на франкофонската култура и францускиот филм во Македонија.