Повик за обука за подигање на свеста за родовата еднаквост во медиумите, известувањето и улогата на родовосензитивно известување

Мрежа Стела објави повик за обука која ќе вклучи теоретско и практично обучување за подигање на свеста за род и медиуми, како и методи за внесување на родовосензитивно известување во новинарството.

Обуката ќе се одржи на 30.10.2023 (понеделник), со почеток во 10 часот во просториите на МладиХаб.

Со надеж дека овој пристап ќе им помогне на новинар(к)ите да станат посвесни за значењето на родот и да го интегрираат во својата работа, известување и истражување, Мрежа Стела ќе ги доближи новинар(к)ите кон подобрен пристап пристап при известување на прашања поврзани со родовата неедкавост, родовобазираното насилство и подобрување на позицијата на жените и девојките.


Целосната Агенда и формуларот за учество се достапни
тука!

 

Овaa иницијатива е дел од проектните активности фокусирани на „Еднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија”, проект кој го спроведуваме заедно со Националниот младински совет на Македонија. Проектот е финансиран од страна на Британската амбасада во Скопје, а целта е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.