Администрацијата е партизирана, неефикасна и под влијание на политиката. Изгледа како да е неопходно поседување на партиска книшка единствен услов за работа во администрација.
Вака изгледа јавната администација во Македонија која стана огромна нефункционална, и по многу извештаи дури и корумпирана. Сепак, власта стави на маса нова идеја- администрацијата да работи четири часа во петок, затоа што така функционира бирократијата во рзвиените ЕУ земји. Дали овој парадокс може да ја натера македонската администрација да се разбуди и да се трансформира во сервис за граѓаните, наместо на партиите?
Гости во ова издание: професорката Ана Павловска Данева, УКИМ, Сања Лукаревска, заменичка- претседателка на СДСМ, Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација и Жанета Скерлев, консултант за комуникации, Лондон, Велика Британија.