Белгиска пресвртница: Прва министерка кој е трансродово лице

Недостаток на медиумско беззумие околу родовиот идентитет на Петра де Сатер е моќен знак за напредок.

Катрин Хугендубел е директор за застапување во ИЛГА-Европа.

Назначувањето на Петра Де Сатер за заменик-премиер на Белгија – првото  трансродово лице како министерка во Европа е комплетна пресвртница.

Но, она што е можеби уште позначајно е тоа дека е пресвртница што речиси е незабележителна во денешните наслови на весниците.

Де Сатер секогаш била отворена во врска со нејзиниот транс идентитет и никогаш не се обидувала да го сокрие тој факт во нејзината политичка кариера. Сепак, секогаш беше јасно дека таа е многу повеќе од тој идентитет.

Како лекар и професор по гинекологија, таа е поборник за правата на жените, родовата еднаквост и правата на сексуална репродукција. На секоја политичка позиција што ја извршуваше – без оглед дали е во белгискиот сенат, парламентарното собрание на Советот на Европа или Европскиот парламент – таа беше силен застапник за правата на ЛГБТ.

Но, нејзината компетентност во многу други области и нејзините импресивни професионални достигнувања што во комбинација со нејзиното залагање ја дефинираа нејзината кариера и донесе почит.

Фактот дека медиумското известување за нејзината номинација за заменик-премиер се фокусираше на нејзината работа отколку на нејзиниот транс идентитет е одраз не само на нејзината импресивна политичка кариера, туку и на прогресивната природа на белгиската политика денес. Но, не е тешко да се замисли дека насловите ќе изгледаа многу поинаку во друга земја – дури и во друга европска земја.

А сепак, иако ненастанот на назначувањето на Де Сатер е добра работа, тоа сепак испраќа силен позитивен сигнал до транс-луѓето ширум светот.

Де Сатер можеби никогаш не ги стави транс правата како фокус на нејзината работа, но и не одбегнуваше да биде пример. Но, што е уште поважно за транс-луѓето, фактот дека таа е прифатена на национално ниво и дека со неа се постапува фер и со почит во медиумите, е знак за надеж во време кога транс-идентитетите се поништуваат и се донесуваат законски одредби во сè поголем број на европски земји.

Во Романија, Уставниот суд оваа недела дискутираше регулатива за бришење на дискусиите за родот и родовиот идентитет во целост од сите наставни програми. Слично законодавство веќе е воведено во Бугарија. Полската „Семејна повелба“, потпишана од претседателот Анджеј Дуда, ќе забрани лекции за ЛГБТ прашања во училиштата. И во Велика Британија, поборниците за права предупредуваат дека збунувачките нови образовни упатства ризикуваат да бидат протолкувани да значат дека училиштата не треба да користат материјали за дискутирање на родовиот идентитет и можноста да се биде трансродово лице.

На почетокот на оваа година, со започнувањето на карантинот поради коронавирусот, Унгарија воведе законодавство за ефикасна забрана за признавање на полот, додека во Русија се во тек законски потези да се стори истото.

Бидејќи загрижувачки број на влади активно се обидуваат да им го забранат на ЛГБТ групите и транс-луѓето своето место во општеството, пријатно е да се види како белгискиот политички систем прифаќа член на ЛГБТ-заедницата како еднаков.

Де Сатер не ја достигна својата моќна позиција во новата белгиска влада затоа што таа е транс-жена која е и експерт за специфични прашања поврзани со ЛГБТ-правата и транс-правата. Таа беше назначена заради нејзината компетентност како политичар и искусен креатор на политики.

Тоа е потврда на нејзиниот идентитет и како политичар и како транс-жена – и тоа е прекор за нападите против транс-идентитетите што се случуваат во другите делови на Европа.

Родовиот идентитет на Де Сатер можеби недостасува од насловите на медиумите во Белгија. Но, тоа отсуство испраќа моќна порака.

 

Source Politico