Интернационалниот етнографски филмски фестивал “Илинденски денови” е настан кој претставува широк спектар на етнографски филмски теми и авторски пристапи во истражувањето на традиционалниот, но и на современиот начин на живот на човечките заедници, нудејќи различни сознанија, филмски форми и методологии на работа. Од понудените околу 200 филмови за ова второ издание на фестивалот, ние избравме само дваесетина кои ќе и бидат претставени на публиката во Битола.
Како што изјавува селекторот Тони Гламчевски, “целта ни е да промовираме етнографски филм и визуелна антропологија, преку пристапен фестивал, кој ја рефлектира различноста на антрополошките реалности и современите прашања, истовремено обезбедувајќи простори за средби и дијалог. Наша цел е да го демократизираме етнографскиот филм, особено преку бесплатни проекции, но и преку активности за културна посредување.”
Втора година по ред, овој интердисциплинарен фестивал претставува „голема средба“ околу етнографскиот филм. Тоа им овозможува на различни, често далечни позадини да се сретнат, да разговараат и да размислуваат за дисциплината и прашањата што го поминуваат општеството.
Ова со цел да се поттикне истражувачки и креативни пристапи во етнографските документарни филмови, да ја едуцира публиката за богатството и различноста на локалните културни традиции, како и да биде глас на совеста за проблемите на современите општества предизвикани од потценувањето на вредноста на културното наследство.
Фестивалот во наредните неколку дена ќе има завиден опфат на теми од културната и социјалната антропологија од сите континенти. Ќе се повикаме на далечни сведоштва, без разлика дали оваа оддалеченост е географска – започнувајќи од Индонезија, Мадагаскар, Мароко, Непал, Бразил, Мексико, Сенегал, САД, но и филмови и начин на живот блиску до домот: Шпанија, Бугарија, Србија, Франција (Сузан, ден за ден), Португалија (Впечатлива земја), или временска – Австралија, Австралија и Дае на Столе Попов.
Преку овие филмови, гледачите имаат шанса да дознаат повеќе за заедниците од сите страни на планетата на кои им е заедничко споделувањето и зачувувањето на нивните обичаи и култура.
Исто така, фестивалот се стреми да привлече македонски автори вклучени во зачувувањето на културното наследство што тие го наследуваат – Лазаренки (Македонија). Потврда дека етнографскиот филм е меѓу другото продолжување на она што го започна фестивалот Илинденски денови пред повеќе од половина век – негувањето на изворната фолклорна традиција и зачувување од заборавот.