Нов закон за родова еднаквост, но идеите од средниот век на некои црквени лица остануваат циментирани
Родовата еднаквост е еден од столбовите на Европската Унија кон која се стреми да биде дел и Македонија. Но, често кога ќе се слушне поимот, неминовно со себе носи низа отворени прашања кои под превезот на традиционалното, одат до екстремни тврдења за тоа каде е местото на мажот, а каде на жената во нашето општество.
Во Македонија 3 до 4 години се работи на нов Закон кој би требало да биде имплементиран во повеќе сектори со цел мажите и жените да имаат не само еднакви можности, туку и еднакви бенефиции.
Гости во 25 минути се Игор Јадровски од Комисија за заштита од дискриминација, Драгана Дрндаревска, Коалиција Маргини, Љатифе Шиковска, пратеничка, и од Брисел, Амарилдо Фецањи, извршен директор на Здружение за еднакви права на ЛГБТИ Западен Балкан.