Студентскиот дом „Стив Наумов“, легло на болести и зарази – никој не поднесува одговорност
Студенски соби со мирис на влага, без греење и интернет. Тоалети без исправни санитарни чвоорови и без топла вода за туширање. Еднолична храна, која во тек на една недела се повторува по неколку пати во мензите. Ова е реалната слика за мизерните услови во зградите и бараките на државниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје која студентите ја гледаат постојано, додека министрите и функционерите во земјава уживаат во своите кралски кабинети.
Во предлог-буџетот за 2023 година за изградба и реконструкција на студентски домови предвидени се речиси 281.000 евра или за 215.000 евра помалку од минатата година. Додека пак за студентски стандард се предвидени 16,4 милиони евра за разлика од 2020 година кога во Буџетот за оваа ставка имало речиси 4 милиони повеќе.
Сето ова говори дека следната година ќе има помалку пари за студентите, но и очигледно полоши услови за идните академски граѓани на државава.
Гости во 25 минути се Јетон Шаќири, министер за образование и наука, Кристијан Димков студент и активист во „Студентски отпор“, Никола Данев, докторант на Универзитетот Корнел во Њујорк, САД, и анонимен студент кој живее во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје.