Во најновото издание на 25 минути, разговаравме за политичките и партиски обвинувања за начините на владеење со локалната самоуправа. Континуитетот со работа и планирањето на капиталните проекти кои значат подобар живот и стандард на граѓаните во Скопје не успева да ги надмине суетите на политичарите на секоја нова градска администрација.
Идните планови на Градоначалничката Данела Арсовска станаа претежок товар. Новите урбанистички планови се косат со предходните на поранешниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов, и се проблематизираат многу започнати капитални проекти. Дали новата градоначалничка со ова го загрозува јавниот интерес – да се има брз градски превоз и функционален сообраќај, но и дали во целост ќе ги стопира сосема овие проекти од интерес на граѓаните а со тоа ќе го задуши и блокира сосема главниот град е дилемата која во моментов е актуелна.
Гости во 25 минути беа Мартин Пановски, архитект, Трендафил Ивановски, поранешен уставен судија, Љубица Јанчева, советничка во Град Скопје и Никола Ѓорѓиевски, истражувач на Архус Универзитет.