Промовиран прирачник по драмска уметност во издание на „Театар за сите“
Вчера, во Public Room се одржа промоција на прирачникот по драмска уметност во издание на „Театар за сите“. Промотери на прирачникот беа писателката и професорката на ФДУ- Скопје, Ана Стојановска и актерот и режисер Бесфорд Идризи, кој воедно е преведувач на прирачникот на албански јазик, а модераторка на настанот беше глумицата Ангела Стојановска.
„Овој прирачник содржи вежби по актерска игра, драмско пишување и театарска режија, собирани од различни извори во период од една деценија. Дел од вежбите се работат и на драмските академии во светот, а дел од нив се работат исклучиво на одредени семинари или работилници, водени од специјализирани/сертифицирани тренери. Некои вежби се создадени во текот на мојата и праксата на моите колеги, а некои, пак, се преземени од други прирачници што не се преведени на македонски јазик.“
Автор и приредувач на прирачникот е режисерот и професор Милош Андоновски, а ко-автор на едно од поглавјата е актерот Христијан Поп Симонов.