Студентите на факултет се чувствуваат малтретирани, измамени и затворени. Тие имаат право што протестираат
Владата и институциите гладни за пари создадоа јавна здравствена катастрофа и криза со менталното здравје.
Катастрофалното справување со пандемијата од страна на владата е толку сеопфатно, толку повеќеслојно, што посветувањето доволно внимание на секој скандал може да биде предизвик. Размислете за овој. Кон крајот на август, кога дневниот просек на смртност од коронавирусот беше 10 – сега е повеќе од 400 – Унијата на факултетите и универзитети (УФЦ) објавија изјава со наслов „Универзитетите не смеат да станат домови на вториот бран на Ковид.“
„Синдикатот стравува дека миграцијата на над еден милион студенти ризикува да и нанесе неизмерна штета на здравјето на луѓето и да ја влоши најтешката здравствена криза во нашите животи,“ предупредува тој. Ова беше игнорирано. Кога, три недели подоцна, владината научна советодавна група за вонредни состојби (Сејџ) препорача промена кон учење преку Интернет „освен ако наставата лице в лице не е апсолутно неопходна,“ тоа исто така беше игнорирано. Резултатот? Масовната внатрешна миграција на младите од секој дел на Велика Британија, што помогна да се разгори вториот бран, и нивнато возможно затворање во пренатрупаните домови.
Последиците се навистина сериозни, особено за благосостојбата на групата млади луѓе кои се ограбени од својата младост. Да се биде студент на прва година на факултет за време на пандемија никогаш немаше да биде алкохолизираното, хедонистичко искуство што го уживаа минатите генерации, но размислете за тоа што се испробаа. Еден 19-годишен студент по хуманистички науки, Џош, кој ја користи личната заменка тие, беше жртва на оценувачите на испитите. „Оценката ми беше намалена за две оцени подоле (од алгоритмот на Офквал), па барем имав среќа, за разлика од некои други студенти, “ ми велат тие. Како што побара владата, тие беа пренесени на Универзитетот во Манчестер со ветување за социјално дистанцирани семинари со присуство во живо („тоа беше нашиот првичен план,“ ми велат тамошните власти).
На почетокот, на академскиот кадар навистина им беше кажано да изведуваат настава во живо. Но, како што предвиде УФЦ, епидемиите на кампусот неизбежно ги принудија целата настава да се одвива преку Интернет: и така се покажа, бидејќи на факултетот на Џош имаже повеќе од илјада позитивни случаи. „Многу луѓе се чувствуваат лажено и измамено да дојдат тука,“ ми велат тие. „Нè третираат како да постоиме заради профит, за пари и ништо друго.“
Студентите се за првпат далеку од дома – некои доаѓаат од странство – без да можат да воспостават пријателства и врски на нормален начин додека се соочуваат со изолација. „Доаѓа до точка кога се чувствуваш како да си во опасност,“ објаснува Џош. Факултетот во Манчестер ми вели дека „менталното здравје и благосостојба на нашите студенти се од најголема важност за нас,“ укажувајќи на услуги како поддршка преку Интернет. Но, кога Џош побара помош од студентскиот службеник за социјална помош, тие најдоа празно биро, леток и број за Самарјаните. Факултетот не верува дека ова е „вистинска претстава за нашите услуги.“
Еден студент од Манчестер беше пронајден мртов во салите минатиот месец – неговиот ужален татко предупреди дека ако младите се заклучени „со мала поддршка, тогаш треба да очекувате дека ќе страдаат од силна анксиозност.“
Можеби очекувате дека Факултетот во Манчестер сочувствувал со маките на своите студенти. Наместо тоа, потроши 11.000 фунти за изградба на ограда околу студентскиот дом на Џош: управата на факултетот подоцна се извини за ова, тврдејќи дека е подигната како одговор на загриженоста за безбедноста што ја посочија студентите и вработените.
Кога студентите повикаа на штрајкови на надоместокот за сместување- имајте предвид дека многу студенти вообичаено зависат од сега непостоечките работни места со скратено работно време за да преживеат – тие ми велат дека им се закануваа со парични казни. Кога студентите организираа протест во четвртокот, се појави Единицата за тактичка помош на локалната полиција; студентите тврдат дека им се заканувале со апсења и парични казни и биле сниманиз додека си ги вршеле дневните обврски почитувајки ги прописите. (Факултетот вели дека „соработувал“ со полицијата и забележува дека организаторите „се соработувале со полицајците и се согласиле да го одржат настанот на безбеден начин за да се заштитат себе си и пошироката јавност.“) Од петокот, неколку студенти заземаат зграда во знак на протест: нивните барања вклучуваат раководството да се сретне со студентите и УФУ, намалување на закупнината за најмалку 40% и зголемена поддршка за студентите. Еден од нив е 21-годишниот Мети – кој студира за управување со катастрофи – кој многу јасно вели дека универзитетите „го ставаат профитот пред луѓе,“ истакнувајќи дека студентите од прва година се најголемиот придонесител на приходи од закупнина на нивните образовни институции.
Портпарол на факултетот рече: „Ние веќе соработуваме со избрани претставници на Унијата на студенти за голем дел од прашањата што ги истакнуваат демонстрантите.“ Да го ставиме настрана досадниот одговор од управата на факултетот, рационална влада ќе научеше од своите погубни грешки, но такво нешто не се случува. „Рековме во август дека ако охрабрите над милион студенти да патуваат низ целата земја без тестирање и пратење на болните, ќе создадете втор бран и токму тоа се случи,“ вели генералниот секретар на УФЦ, Џо Грејди. Но, вонредно, таа посочува дека властите сега планираат посебен одмор од една недела за студентите во Англија да патуваат дома „како говеда“ со ограничен јавен превоз, а потоа да ја повторат фарсата за да ги вратат на универзитет. Младите се угнетени веќе една деценија, и оваа пандемија не е исклучок. Третманот на владата кон студентите претставува катастрофа во јавното здравство и криза со менталното здравје претопени во едно. Конзервативната администрација потпрена на поддршката од постарите генерации може да смета дека бесот и маката на нејзините помлади граѓани ќе ги преживее политички. Но, кога пандемијата ќе почне да се смирува, и ќе се враќа некоја одредена нормалност, може да покаже дека младите не се расположени ниту да простат ниту да заборават.
Овен Џоунс, Гардијан
Превод: Рушка Бабиќ