Италијански ученици ги слушаат часовите пред училиштето во знак на протест поради Ковид-19

Движењето започна со 12-годишната Анита Јаковели во Торино, која рече дека нејзината порака е дека училиштата се безбедни.

Температурите паднаа во последните денови во северниот италијански град Торино, но тоа не ја спречи Анита Јаковели да истрае во нејзиниот протест против затворањето на нејзиното училиште. Секој ден, почнувајки од 6 ноември, кога училиштата низ градот и поширокиот регион Пиемонт беа затворени поради ескалирање на инфекциите со коронавирусот, 12-годишната ученичка со капа, ракавици и маска на лицето, седеше пред училиштето Итало Калвино и продолжи да ги слуша часовите преку нејзиниот таблет. Зад неа стои ракописен постер на кој пишува „Учењето на училиште е наше право“.

Започна како осамен протест, но на Анита наскоро и се придружи нејзината пријателка Лиза Ролјати и други соученици, пред иницијативата да се прошири низ цела Италија. Не е најидеален начин за учење, но децата едноставно сакаат да се вратат на час, откако поминаа месеци затворени во своите домови пред компјутерите за време на првиот бран на пандемијата. „На самиот почеток, кога тие објавија дека училиштата се затвораат, ние бевме среќни бидејќи имавме многу тестови во неделите кои следеа и мислевме дека ќе ги прескокнеме,“ изјави Анита за Гардијан. „Но, тогаш стана многу тешко и се изморивме многу.“

Anita and Lisa in front of the Italo Calvino school in Turin. Photograph: Marco Alpozzi/AP

 

Училиштата во Италија повторно беа отворени во септември, откако беа затворени повеќе од шест месеци. За неколку недели, сите часови од средните школи беа повторно префрлени на Интернет, поради  вториот бран на коронавирусот. „Не се плашев да се вратам на училиште, беше безбедно место и беше убаво да се гледаат пријателите од училиште дури и само за кратко време,“ рече Анита. Учењето од далечина беше исклучително напорно, рече таа. „Кога учите на овој начин, има толку многу проблеми, можете лесно да ја изгубите интернет-врската и треба да ја повторите задачата. После толку долго време пред екран, престанувате да се концентрирате и се расејувате и повеќе да не ја следите лекцијата. Но, тоа не е единствениот проблем – некои луѓе немаат ниту интернет-конекција, ниту пак простор за работа или родители кои можат да им помогнат и да ги поддржат.“

Протестот го привлече вниманието на министерката за образование, Лусија Ацолина, која и се јави на Анита да и честита и да каже дека ќе стори се што е можно за што побрзо да ги отвори училиштата „Пораката што сакам да ја дадам е дека училиштата се безбедни,“ рече Анита. „Ние секогаш носевме маски, прозорците беа отворени и имаше гел за раце.“

Италијанската влада усвои скалест систем во своите 20 региони пробувајки да се справува со пандемијата. Пиемонт е во „црвената зона“ со висок ризик, што значи дека луѓето можат да ги напуштат своите домови само за да одат на работа, или поради здравствени или итни причини. Баровите и рестораните се затворени, како и повеќето продавници. Но, луѓето сè уште имаат право да протестираат.

Students studying in the street in Turin. Photograph: Alessandro Di Marco/EPA

 

Демонстрациите на Анита и другите низ целата земја сега ги промовира Priorità alla Scuola (приоритет на училиште), движење составено од наставници и родители, кое се бори за подобар образовен систем. Протестите се нарекуваат „Училишта за иднината,“ игра на зборови на петокот за иднината, глобалното движење за штрајк поради климатските промени, започнат од Грета Тунберг во Шведска во 2018 година. Веќе се прават споредби помеѓу Анита и Грета. „Но, Анита вели ‘Јас сум Анита, а не Грета ,’“ рече нејзината мајка, Кристијана Пероне. Пероне ја придружуваше својата ќерка на протестите. „Децата се навистина решени…тие се навистина насочени кон враќање на училиште.“ Анита, чиј омилен предмет е математика, рече дека нема прецизна идеја за тоа што би сакала да прави во иднина, но сака да направи нешто што би им помогнало на училиштата. „Би сакала да создадам политика за училиштата што им го дава значењето коешто треба да го имаат.“ рече таа.

 

Source The Guardian