Владата на Унгарија предлага забрана за посвојување од страна на истополови парови

Владата на Унгарија подготви измена на уставот на земјата со која всушност би се забранило посвојување од истополови парови.

Предложениот амандман ќе прецизира дека „мајката е жена, таткото е маж“ и ќе дозволува само брачните парови да посвојуваат деца.

Истополовите бракови се нелегални во Унгарија, но посвојувањето е можно доколку еден партнер се пријави самостојно.

Нацрт-законодавството е осудено од страна на групите за човекови права.

Предлогот беше испратен до парламентот од владејачката десничарска партија Фидес доцна во вторникот. Истиот ќе бара децата да бидат воспитани со „христијанско“ толкување на родовите улоги.

„[Тоа] обезбедува образование во согласност со вредностите засновани врз уставниот идентитет на Унгарија и христијанската култура,“ се вели во него.

Унгарската влада, предводена од премиерот Виктор Орбан, направи огромни измени во уставот од доаѓањето на власт во 2010 година.

Reuters/Prime Minister Orban has championed anti-immigration and socially conservative policies

Документот веќе ја дефинира „институцијата брак како помеѓу маж и жена,“ како и „основата на семејството и националното преживување.“

Според последниот предложен амандман, самохраните лица можеа да посвојуваат само со посебна дозвола од министерот надлежен за семејните работи.

ЛГБТИ групите соопштија дека е намерно изработен во време кога не беа можни масовни протести поради пандемијата.

„Времето не е случајно“, се вели во соопштението на групата за права на Друштвото Хатер.

Во него се додава: „Предлозите што строго ги ограничуваат законските права и се косат со основните меѓународни и европски човекови права … беа поднесени во време кога … протестите не се дозволени.“

Во мај, унгарскиот парламент го одобри законот со кој се забранува на трансродовите лица да го менуваат полот што им бил доделен при раѓање на официјалните документи. Во тоа време, групите за заштита на човековите права изјавија дека тоа ќе ја влоши дискриминацијата кон ЛГБТИ граѓаните. „Луѓето се во паника, луѓето сакаат да избегаат од Унгарија на некое друго место каде ќе можат да им го признаат полот“, рече Тина Корлос Орбан, потпретседател на здружението за трансродови лица Трансванила.

Превод: Рушка Бабиќ 

 

Source BBC