Воведување на правен акт во САД со кој ќе се стави крај на тестирање на лекови врз кучиња

Само што беше воведен нов предлог-закон за заштита на животните во САД. Законот за алтернативи на животните за регулаторна правичност (AARF) (Х.Р. 1905), ќе се погрижи производителите на лекови, односно фармацевтските компании да не бидат принудени од страна на ФДА да употребуваат кутриња или други животни во непотребни експерименти, според Проектот за отпад (WCW).

Дури и со знаење дека тестирањето на животни не е ефикасно, ФДА ги принудува компаниите да тестираат врз животни. Ова значи дека се експериментира на милиони кученца поради прописите на ФДА.

И активистите за животни и компаниите за лекови беа возбудени поради позитивната промена. „Додека другите агенции во регулаторниот екосистем на ФДА агресивно се обидоа да го искористат технолошкиот напредок за да се елиминира непотребното тестирање на животни, ФДА заостанува зад нив, заедно со пошироката научна заедница и американската јавност. Не менувајќи го својот застарен пристап кон принудување на компаниите да спроведуваат непотребни тестови врз кучиња, ФДА не само што ја пропушта можноста за подобрување на безбедноста, туку исто така бесмислено ја попречува испораката на нови, иновативни лекови до пациентите на кои им се потребни “, рече Михаел Х. Полимеропулос, MD, претседател и извршен директор на Vanda Pharmaceuticals Inc.

Ова е уште еден важен чекор за запирање на тестирањето врз животни еднаш и засекогаш. Џастин Гудман, потпретседател за застапување и јавна политика на White Coat Waste Project, во изјавата рече: „Ние им аплаудираме на претставниците Скот Пери, Брендан Бојл и Медлин Дин за воведувањето на правниот акт за спасување на кучиња и други животни од суровата американска влада. Дозволете им на производителите на лекови да избегнуваат непотребно испитување на животни, а со тоа побрзо и поевтино да им обезбедат на потрошувачите безбедни лекови за време на пандемијата со КОВИД-19.“

Source One Green Planet One Green Planet