Нов филм за климатските промени: “Meltdown”

Во режија на Фредрик Голдинг и во продукција на Мајк Толин, „Meltdown“ е нов документарен филм фокусиран на климата, глобалното затоплување и климатските промени во кој се прикажани прекрасните, но сепак трагични предели на Гренланд.

Филмот се одвива во Илулисат, Гренланд, каде Лин Дејвис, познат фотограф, кој поминал 30 години фотографирајќи ги сантите мраз на Гренланд, му се придружува на експертот за климатски промени, Тони Лејзеровиц, за да разговара за брзото топење на мразот и неговите ефекти врз локалното и глобалното население. Тие го опишуваат Гренланд како место исполнето со убавина, загуба и тага. Лејзеровиц се соочува со оваа сложена реалност поставувајќи го прашањето: „Како ја доживувате убавината во исто време кога постои и едно чувство на трагедија?“

Иако филмот се осврнува на тешките околности и целата тежина на климатската криза, тој исто така влева чувство на надеж. На самиот крај на филмот, под насловот се појавуваат зборовите „Не е доцна“, потсетувајќи ја публиката дека нашата тага за изгубеното треба да нè поттикне да дејствуваме навремено за да го зачуваме она што не е.

Source One Green Planet