Возила за чистење снег стари и по 40 години: Платите на функционерите не се скратуваат

Проблемите остануваат заради неколкудецениски стари возила за чистење снег, брза помош, пожарникарни возила. Пари за потребите на граѓаните нема во буџетот за да се обноват целосно овие неопходни возила. Но, затоа платите на функционерите се зголемија дури 78%, и покрај загрижувачкиот низок стандард, процентот на сиромаштија.

За разлика од Франција и останатите земји членки на Европската унија, во Северна Македонија нема адекватни возила за чистење на снег, а некои од нив се повеќе од 40 години стари, што ја доведува во прашање нивната безбедност и исправност.

Гости во 25 минути се Костадин Ацевски, директор на ЈП Македонија пат, Стојанче Ангелов, директор на Центар за управување со кризи (ЦУК), и Стефан Хуто, одговорен за развојот на Мориен, Франција.