Време на криза, време на штрајкови и протести: Сите бараат поголеми плати

Протестираат синдикалците, здравствените работници, професорите, администрацијата и правосудството, како и родителите на деца со посебни потреби. Целата држава се крена на нозе за повисоки примања и плати. 25 минути истражува колку е државата способна да ги реализира сите барања за повисоки плати од буџетот кои ги наметна новата минимална плата која изнесува 18.000 денари во услови на економска и енергетска криза, но и за време на воени превирања во Украина.

Сите бараат поголеми плати за достоинствен живот, а прашањето е како може буџетот да ги издржи сите тие неиздржливи притисоци. Останува отворено и прашањето како да се реши ситуацијата со огромната администрација, која е неефикасна и партизирана, и за која власта со години тврди дека ќе биде редуцирана.

И покрај слабата доверба од 8% кај граѓаните во работата на судската администрација за кои алармираше и американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, првиот човек на УПОЗ, Трпе Деаноски, смета дека проблемот лежи во ниските плати, а не во работењето на административните работници.

Гости во 25 минути се Горан Камчески, претставник на родителите на деца со посебни потреби, Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ, Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања и Тања Милевска, новинарка и дописничка на МИА од Брисел, Белгија.

Source 25 Minuti