Дали јадеме безбедна храна и пиеме чиста вода?

Скопската вода и водите во Македонија се безбедни за пиење, присуството на мали количини металоиди е далеку под номиналните вредности. Ова го вели Д-р Зоран Божиновски, експерт за води. Неговата изјава доаѓа откако неодамна на политичка дебата на ТВ 24 директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Никола Бабовски, заедно со Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ одадоа впечаток дека во Македонија се пие загадена вода.

Гости во 25 минути се др. Зоран Божиновски, Еко Био Линк (ЕБЛ) Скопје, Цветан Трипуноски, ВМРО-ДПМНЕ, Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство, и Тони Гламчевски, дописник за Македонско радио од Нанс, Франција.