Македонија на врвот во Европа по низок стандард и огромни цени

Цените на производите во пораст, платите исти. Македонија се соочува со најголема инфлација во регионот, а со поразувачки проекции за економскиот раст.

Јадеме поскапа храна од останатите Европејци, било да е пазарување од маркети или во рестораните. Ова се заклучоци од Инфлацискиот монитор за месец јуни изработен од Парламентарната буџетска канцеларија и Швајцарската агенција за развој. Колку пари се потребни за да преживееме во оваа држава?

Гости во 25 минути се Крешник Бектеши, министер за економија, Иван Пешевски, претседател на Сојузот на синдикати, Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии, и Бранимир Јовановиќ- од Меѓународниот економски институт во Виена.