Девојките ширум светот се малтретирани од стана на интернет тролови: еве како се чувствуваат
МИСЛЕЊЕ: Скоро половина од девојчињата и младите жени ширум светот се соочиле со малтретирање поради споделување на своите мислења на Интернет, открива нов извештај, а бројката е уште поголема во Австралија. Време е да се спротивставиме, пишува 21-годишната активистка за правата на младите луѓе Мадураа Пракаш.
Тролање и злобните коментари на Интернет е нешто со кое што практично секоја личност која користи некоја од социјалните мрежи ќе се сретне во одреден момент. Тоа е само несреќен дел од современото искуство. Но, за мене, тоа е секојдневен факт на животот.
Гледате, јас сум млада квир активистка со активно присуство на социјалните мрежи. И, иако социјалните медиуми можат да бидат благослов, тие се исто така место каде што демнат сурови и подредени луѓе, кои чекаат да ги нападнат малцинствата.
Социјалните медиуми се од огромно значење за квир луѓе како мене затоа што сме малцинство и, особено за младите луѓе, кои не секогаш имаме физички места каде можеме да се собереме. Повеќето од моите квир пријатели ги имам запознено преку Интернет и иако некои никогаш не сум ги ни сретнала лично, нашето заедничко искуство како квир луѓе нè врзува на начини кои не сум ги доживеала со други пријателства.
Заедницата која што постои онлајн има охрабрено голем дел од нас да се прифатиме себеси и да бидеме горди од тоа какви личности сме. Преку ЛГБТ+ заедницата која постои онлајн, се учиме едни со други на работи кои што книгите по историја не ги покриваат и си даваме љубов која што не ја добиваме од фамилиите кои не не прифаќаат.Навистина е една убава работа.
Ова е причината зошто уште повеќе боли кога младите жени во квир и транс-заедниците се соочуваат со омраза и навреди онлајн. Додека ние споделуваме позитивни пораки како се гордееме со нашиот идентитет, секој ден гледаме и луѓе кои сметаат дека истиот е невалиден. Ги гледаме религиозните фанатици кои ни велат дека да се биде геј не е во ред. Гледаме возрасни мажи кои нè сексуализираат на непријатен начин, кажувајќи ни дека мислат дека квир жените се за нивно уживање или дека можат да не променат.
Младите транс-жени се соочуваат со вознемирувачка количина омраза од луѓе кои го поништуваат нивниот идентитет и кажуваат ужасни работи што ниту едно дете или младо лице не би требало да ги чита.Истражувањето на Plan International, за слободата да биде се онлајн, кое како испитаници имало повеќе од 14 000 девојчиња низ 32 земји во светот, објавено во понеделникот, откри дека 42% од девојчињата кои се идентификуваат како ЛГБТ + се издвоени и малтретирани поради овој идентитет.
Истражувањето, спроведено во април и мај оваа година, имало 1.000 испитаници од Австралија, девојчиња и млади жени на возраст од 15 до 24 години. Една од четири девојки и млади жени кои се соочиле со малтретирање преку Интернет, изјавиле дека се чувствуваат физички небезбедно како резултат на истото. Ова е апсолутно точно за квир и транс-девојките и младите жени на Интернет, со самото свое постоење имаат тенденција да разбеснат одредени луѓе да испуштаат навредливи коментари, вклучувајќи закани за смрт и силување.
ЛГБТ+ младината веќе страда од зголемени проблеми со менталното здравје во споредба со другите млади цисексуалци или хетеросексуалци. Пораки полни со омраза, особено што секојдневно се зголемува бројот на истите, му нанесуваат големи штети на менталното здравје на квир-младите, кои секако веќе страдаат.
Видов премногу пријатели на „Тикток“ и „Инстаграм“ кои ја напуштаат заедницата на одредено време затоа што омразата ги доведе до депресија и други ментални болести. Друг аспект на омразата на која што гледам дека наидуваат транс-девојките и младите жени онлајн, е насоченото малтретирање кон оние кои зборуваат против хомофобијата и трансфобијата.Проблемот е што ова дополнително ги разгорува троловите и хомофобите кои коментираат со омраза кон секој што е доволно храбар да проговори, во обид да ги замолчи.
Во извештајот на Plan International, 47 проценти од девојчињата и младите жени изјавиле дека биле нападнати затоа што ги споделиле своите мислења на Интернет, а за многу од нив истото било обесхрабрувачко да продолжат да зборуваат. Во Австралија, вкупните стапки беа повисоки од глобалниот просек, каде две третини (65%) од девојчињата и младите жени искусиле некаква форма на малтретирање преку Интернет на платформите на социјалните медиуми. Фактот дека малтретирањето преку Интернет не само што повредува, туку и замолчува девојки и млади жени во квир и транс заедницата е навистина загрижувачко. Јасно е дека ова е прашање на кое треба да се дејствува.
Верувам дека големите платформи за социјални медиуми, вклучувајќи ги Твитер, Инстаграм, Фејсбук и Тикток, имаат должност да ги заштитат ранливите млади ЛГБТ+ од неизбежниот говор на омраза што го добиваат како резултат на сопственото изразување.
Овие компании треба да создадат подостапни и поефективни механизми за пријавување на злоупотреба, да ги преоценат нивните упатства и да се осигурат дека овие упатства одговараат на потребите на квир и транс девојките.
Овие компании треба да бидат потранспарентни во работењето со јавноста и да споделуваат информации за малтретирањето со кое се соочуваат младите девојчиња секој ден, со цел да помогнат во подигнувањето на свеста за проблемите.
Исто така, зависи и од самата онлјан заедницата да преземе нешто. Ве молиме, реагирајте кога ќе видите како се случува оваа злоупотреба. Пријавете ги троловите што ги напаѓаат овие девојки или обидете се да ги едуцирате ако можете. Ги охрабрувам луѓето да ги поддржуваат квир и транс девојките преку Интернет, така што љубовта ќе биде поголема од омразата што ја примаме секогаш кога ќе се уклучиме на социјалните мрежи.
За млади жени како мене, решението е многу покомплексно отколку „само да го исклучите интернетот“. Со тоа се одделуваат квир девојки и млади жени од заедница што спасува живот и не прифаќа какви што сме. Јас навистина не знам што би направила без моите квир пријатели. ЛГБТ + девојчињата и младите жени заслужуваат да се чувствуваат безбедно на Интернет, како и да го слават и да учат за нивниот идентитет во мир и со почит.
Мадураа Пракаш е младински активист на Plan International Австралија со седиште во Сиднеј.