Деми Ловато: Соочување со траумата по сексуалното злоупотребување

28-годишната музичарка откри во својот документарец насловен „Деми Ловато: Танцувајќи со ѓаволот“ дека лицето кое сексуално ја злоупотребило не претрпело никакви последици.

Пејачката не кажува кој е сторителот, само дека потоа „морала постојано да ја гледа оваа личност“.

„Мојата приказна за #MeToo е тоа што јас некому кажувам дека некој сексуално ме злоупотреби, но никогаш не одговараше за тоа што го направи“, вели Деми Ловато во документарецот.

Документарецот кој е сега достапен на You Tube разоткрива низа проблеми во животот на Деми Ловато, како што се траума, зависност и употреба на наркотици, особено во 2018 година. Таа зборува за сексуалната злоупотреба, велејќи: „Се смеевме, флертувавме, но јас реков – еј, ова не може да оди подалеку.“

“И тоа не му беше важно, го стори тоа, како и да е. И јас го интернализирав и си реков дека тоа е моја вина затоа што сепак бев во истата просторија со него.“

Во документарецот, Ловато зборува за штетните последици по нејзиното предозирање со наркотици во 2018 година. Таа беше пренесена во болница откако беше пронајдена во несвест во нејзиниот дом во Лос Анџелес. „Моите лекари рекоа дека имам уште 5 до 10 минути.“

 

Откако претрпе три мозочни удари и срцев удар, таа изјави дека „останала со оштетување на мозокот и сè уште ги чувствува ефектите од тоа“. Тие ефекти вклучуваат заматен вид, што значи дека Ловато не смее да управува со автомобил и има потешкотии со читањето. Неколку недели пред инцидентот, таа објави песна со наслов Sober, во која откри дека после шест години трезвеност, повторно посегнала по нејзините пороци од минатото.

Деми претходно доста отворено зборуваше за нејзините борби со зависноста и булимијата, вклучително и во нејзиниот документарен филм “Simply Complicated” од 2017 година. Таа повторно ја започна својата пејачка кариера на минатогодишните Греми награди и ја отпеа националната химна на Superbowl во 2020 година. Во јануари, Ловато пееше на ТВ-програмата посветена на инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Source BBC