Жртвите на напад во автобус во Лондон се приклучија на кампањата за да ја направат мизогинијата злосторство од омраза

Жртвите на насилниот, хомофобичен напад во лондонскиот автобус повикуваат мизогинијата да стане кривично дело од омраза, бидејќи извештаите покажуваат дека жените имаат три пати поголеми шанси да доживеат сексуално насилство и закани отколку мажите.

Меланија Гејмонат и Крис, кои во тоа време беа партнерки,  неволно беа ставени во центарот на вниманието минатата година кога беа претепани од банда млади момчиња откако одбија да се бакнат, ги здружија силите со поранешниот началник на полицијата, пратениците, верските водачи и добротворната организација „Граѓани Велика Британија“ да извршат притисок врз владата да го воведе новиот закон.

„Бевме претепани од група млади луѓе, кои бараа да се бакнеме. Започна со агресивно малтретирање и брзо прерасна во напад и грабеж,“ изјавија жените. „Како резултат на хомофобично злосторство од омраза, ние баравме начини да спречиме други, поранливи луѓе, да не поминат низ ужасите низ кои поминавме ние.“

Новата студија од „Граѓани Велика Британија,“ заснована врз наоди од над 1.000 испитаници во Англија и Велс и фокус групи во Бирмингем, Кардиф, Њукасл, Манчестер и Лондон, покажа дека на 45% од жените им се имаат закането со сексуално насилство, наспроти 16% од мажи, додека 43% од жените претрпеле сексуален напад, во споредба со 12% од мажите.

Жените ги раскажаа своите искуства за студијата. Едната, Алисон Браницки, лидер на Граѓаните Веика Британија  во синагогата Jексон Роу во Манчестер, рече дека била удрена од ѕид, заканета со сексуален напад и подложена на антисемитски навреди. „Одев по улицата облечена во кипа кога двајца мажи почнаа да ми довикуваат антисемитски навреди,“ рече таа. „Еден од мажите тогаш ме притисна до ѕидот и ми рече дека доколку не сакам да му го водам бизнисот, наместо тоа, треба да спијам со него.”

Во Бирмингем, една муслиманка изјави дека била удрена со тупаница во лицето додека чекала на семафор.

Притисокот за промена на законот расте, откако Стела Креаси, пратеничка од Лабуристичката партија, поднесе амандман на предлог-законот за „надградување“ во 2018 година, што резултира со преглед од страна на Комисијата за закони, што треба да излезе на јавна расправа во септември.

Креаси рече дека промената на законот е попотребна од кога и да било досега, поради наглото зголемување на насилството врз жените за време на карантинот. „Доколку мизогинијата е препознаена како злосторство од омраза, жените би имале еднаква заштита и сигурност дека ниедна жена од каква било средина не би морала да штиклира одговори во процедурални прашалници за полицијата и судските органи да започнат постапка затоа што таа е жртва на насилство“ рече таа.

Овој потег е поддржан од пензионираната шефица на полицијата, Су Фиш, која го воведе пријавувањето на мизогенија како злосторство од омраза во Нотингемшир уште во 2016 година.

„ Препознавањето на мизогинијата како злосторство од омраза беше една од наједноставните задачи што некогаш сум ги направила работејќи во полиција – а сепак резултатите што ги видовме беа неверојатни“, рече таа. „Некои од повратните информации што ги имавме беа дека жените, за прв пат, се опишаа себеси дека се движат со„ кренати глави “.“