Ковид-мерките попуштаат, но дали е прерано?

Збогум за маските. Владата ги усвои новите ковид-мерки со кои се укинува задолжителното носење маски во затворен простор во Македонија. Маските ќе бидат задолжителни само во болници, аптеки и во јавен превоз. И покрај тоа што се предложи олабавување на мерките поради добрата епидемиолошка слика, здравствените работници апелираат до граѓаните на внимателност.

Ниската стапка на имунизација во земјава, големата смртност досега но и новите соеви од вирусот и понатаму се причини поради кои треба да бидеме претпазливи.

Лекарите велат дека паралелно со олабавување на мерките треба да се укинат и сертификатите затоа што ја загубиле нивната смисла бидејќи никој вистински не ги контролира, ниту пак ги проверува QR кодовите на сертификатите.

После речиси две години од почетокот на пандемиајта, граѓаните полека се враќаат на „старото нормално“. Како и претходната година во пролетниот период, епидемиолозите тврдат дека состојбата е стабилна, иако секојдневно во Македонија има нови случаи на Ковид-19.

Гости во 25 минути се докторите Злате Мехмедовиќ, Комисија за заразни болести, Илчо Ефковски, специјалист по трудова медицина и Владимир Ристевски, „8 септември“, и од Лондон, Англија – Зоран Стевановски, ПР експерт и поранешен новинар на BBC.