Може ли КОВИД-19 вакцините да влијаат врз менструалниот циклус? 

Во текот на последните недели, извештаите покажаа дека некои жени доживуваат неправилности во менструалниот циклус по приемот на вакцина против КОВИД-19.  Според истражувањето, промените во менструалниот циклус биле забележани поради доцнење на циклусот и поголеми болки од вообичаено. Во оваа фаза, нема доказ за истражување што ги поддржува овие извештаи. Но, веројатно е дека вакцината може да има последици врз репродуктивното здравје на жените и вреди да се истражува понатаму.

Во оригиналните испитувања на вакцините против КОВИД-19, истражувачите барале дали вакцината е ефикасна во спречување на симптоматска КОВИД-19, споредувајќи ја со плацево инекција. Тие исто така истражуваа дали би предизвикала сериозни компликации, како што се алергиски реакции и несакани ефекти понекогаш поврзани со вакцинација, како треска.

Но, оригиналните истражувања не известуваат за какви било промени во менструалниот циклус, како на пример, ако циклусите доаѓаат порано или подоцна од вообичаено, дали ќе бидат потешки или полесни или ако бидат повеќе или помалку болни. Ова не е особено изненадувачки – клиничките испитувања обично не го мерат овој исход.

За жал, без никакви податоци, не можеме да обезбедиме информации за јавното здравство за овој потенцијален несакан ефект. Значи, жените во репродуктивна возраст не знаат што да очекуваат. И ако забележат дека следниот менструален циклус е поинаков од вообичаениот, разбирливо може да станат загрижени.

Во теорија, вакцината може да влијае на менструалниот циклус на жената. Вакцината е наменета да предизвика имунолошки одговор во телото, и овој имунолошки одговор може да има влијание врз менструалниот циклус. Менструалниот циклус е првенствено под контрола на сложена интеракција на хормони ослободени од мозокот и делувајќи на јајниците, а од друга страна, на матката.

Во првата половина од циклусот, кој зависи од женскиот полов хормон естроген, ендометријалната обвивка почнува да се таложи во матката и фоликулите (јајцата и нивното околно ткиво) созреваат во јајниците. Во средината на циклусот, напливот на хормон наречен лутеинизирачки хормон делува на јајниците ослободувајќи ооцит (јајце) од најзрелите фоликули или овулацијата.

Фокусот на ова прашање во медиумите е добар начин да се започне јавна дискусија за менструацијата. Исто така, истражувањата што се појавуваат се од особена важност поради тоа што помагаат да се добијат повеќе информации за тоа што жените кои менструираат можат да очекуваат по вакцинацијата против КОВИД-19.

Но, анегдотични извештаи за некои неправилности во менструалниот циклус не се причина да се избегне вакцинацијата. Инфицирањето со КОВИД-19 е многу поверојатно да го попречи вашето здравје, вклучително и вашето менструално здравје. Ако имате право да примите вакцина, тогаш сторете го тоа. И, ако имате потежок циклус следниот месец, помислете на тоа како привремен несакан ефект и обидете се да не се грижите.

Source The Conversation