Наградувана фотографија на двајца пингвини кои се прегрнуваат за да се тешат поради загубата на нивните партнери

2020 година произведе многу трогателни и моќни фотографии.

Но, фотограгијата од двајца пингвини во Австралија кои ги изгубиле своите партнери, и кои изгледаат дека се тешат еден со друг е избрана за победник на наградите „Ocean Photograph Awards“ на магазинот Океанограф.

Фотографијата е направена од Тобијас Баумгаертнер во Мелбурн.

Му било кажано дека двајцата пингвини неодамна ги изгубиле своите партнери и честопати се чинело дека се тешат еден со друг.

Германскиот фотограф ја доби наградата „Community Choice.“

Свети Килда Пјер во Мелбурн има колонија од околу 1.400 самовилски пингвини, најмалиот вид на пингвин со просечна висина од само 33 см (13 инчи). Колонијата е под надзор од  волонтери.

„Еден волонтер ми пријде и ми рече дека белиот пингвин е постара дама која го изгубила својот партнер , а истото му се случило и на помладиот маж од лево,“ напиша г-дин Баумгертнер на Инстаграм.

„Оттогаш тие редовно се среќаваат, се тешат еден со друг и стојат заедно со часови гледајќи ги светлата од градот.“

Фотографот помина три ноќи во колонијата со пингвините пред да може да ја фати оваа фотографија, рече тој.

„Помеѓу немањето можност ниту дозвола да се користат било какви светла и малите пингвини кои постојано се движат, триејќи ги перките на грбот и чистејќи се едни со други, беше навистина тешко да фати добар кадар,“ рече тој.

„Но, јас имав среќа во еден убав момент.“

Source BBC