Варијациите и мутациите на коронавирусот објаснети преку наука

Откривањето на две варијации на коронавирусот предизвика вознемиреност.

Научниците брзаат за да откријат дали овие варијации се попреносливи или можат да претставуваат предизвици за вакцината против Ковид.

Сите вируси природно мутираат, а Сарс-КоВ-2 не е исклучок, акумулирајќи една до две промени месечно.

Мутациите обично се случајен настан што ќе има мало влијание врз својствата на вирусот, вели д-р Луси ван Дорп, експерт за еволуција на патогени на Универзитетот во Лондон.

„Огромното мнозинство на мутации што ги забележуваме во геномите на Сарс-КоВ-2 се таму како патници,“ вели таа.

„Тие не го менуваат однесувањето на вирусот, туку само ги носи со него.“

Но, понекогаш, вирусот има среќа со мутација на начин што позитивно влијае на неговата способност да преживее и да се размножува.

„Природната селекција може да доведе до зголемување на фреквенцијата на вирусите кои ги носат овие мутации, доколку дојде до соодветни епидемиолошките поставки,“ вели д-р ван Дорп.

Photo by Chokniti Khongchum from Pexels

Сега постои голем притисок да се сознае дали  ова е случај со варијанцијата која е откриена за прв пат во Велика Британија (Б.1.1.7 или VUI-202012/01), која се чини дека се шири невообичаено брзо.

Слична, но неповрзана варијација се појави во Јужна Африка, со мал број случаи сега пријавени во Велика Британија.

Фактот дека и двете варијации имаат мутации во генот кој го кодира спајк протеинот, кој вирусот го користи за да се прилепи и да влезе во човечките клетки, е особено загрижувачки.

Варијацијата во Велика Британија има 14 мутации кои предизвикуваат промена во градежните блокови на протеините (аминокиселини) и три бришења (недостасуваат парчиња од генетскиот код).

Според Светската здравствена организација (СЗО), некои од нив може да влијаат на тоа колку брзо се шири вирусот.

Една мутација на спајк протеинот (позната како N501Y) е откриена во неколку варијации, вклучувајќи ја и онаа од Јужна Африка. Лабораториски експерименти сугерираат дека оваа мутација може да помогне вирусот да се поврзе со човечките клетки, според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦКПБ).

Се смета дека друга мутација на спајк протеинот (P681H) е од „биолошко значење,“ според СЗО.

Бришењето (на позиција 69-70) во минатото е поврзано со епидемии на фармите на визони и кај пациенти со ослабен имунолошки систем кои можат да го инкубираат вирусот неколку месеци.

Бришењето може да даде некои индиции за тоа како еволуирала варијацијата, можеби кај пациент со ослабен имунолошки систем, кој не бил во можност да се спротивстави на вирусот, овозможувајќи му да се задржи во телото неколку месеци, акумулирајќи мутации со текот на времето.

„Сегашното размислување е дека еволуирале толку многу мутации во контекст на хронична инфекција,“ вели проф. Дејвид Робертсон од Универзитетот во Глазгов, кој е дел од Cog UK (Конзорциум Covid-19 Genomics UK), кој ги анализираше новите варијации.“

Врската со визоните се смета за многу мала. „Нема доказ дека визони или други животни се инволвирани, но се чини разумно да не се отфрли можноста,“ вели проф. Робертсон.

Научниците сега брзаат да откријат повеќе за мутациите забележани во варијацијата во Велика Британија, која е забележана и во Австралија, Данска, Италија, Исланд и Холандија.

Загриженост предизвикува и варијацијата пронајдена во Јужна Африка, која има една од истите мутации. Ја дели истата мутација во спајк протеинот (N501Y), но се појавила одделно. Другите мутации се испитуваат.

Постојат големи сомневања дека и двете варијации може да се шират побрзо од очекуваното, но ова е сè уште нејасно.

Сарс-КоВ-2 е во центарот на невиден меѓународен научен напор од почетокот на јануари, кога истражувачите во Кина ја објавија првата низа на геноми.

Научниците сега секвенцираа над 250.000 Сарс-КоВ-2  геноми, кои се споделени на платформите со отворени податоци.

Со земање брис од заразен пациент, генетскиот код на вирусот може да се извлече и засили пред да се „прочита“ со помош на секвенционер.

Низата букви или нуклеотиди, дозволува да се споредат геномите и мутациите.

Photo by Testalize.me on Unsplash

„Благодарение на овие напори и лабораториите за тестирање во Велика Британија, варијацијата во Велика Британија беше забележана толку брзо како потенцијална причина за загриженост,“ вели д-р ван Дорп.

Научните информации сега се споделуваат со неверојатна брзина.

Клучно прашање е дали мутациите може да имаат импликации врз ефективноста на вакцините, иако многу експерти сметаат дека ова е малку веројатно, барем на краток рок.

„Ова ќе стане сè поважно со зголемената вакцинација за да можат рано да се идентификуваат сите веродостојни кандидати, и да се следат,“ вели д-р ван Дорп.

„На долг рок можеби ќе треба да го преиспитаме составот на вакцината и стратегијата за нејзината испорака, така што овие напори ќе бидат од витално значење. Иако засега, рано е да се каже.“

Source BBC