Загадување и корона – колку ја проблематизира болеста?

Во новото издание на „25 Минути“ гостуваше Дејан Докиќ, пулмолог и алерголог, кој вели дека загадувањето ги зголемува вирусните инфекции – но, нема доволно податоци за влошување на состојбата со корона. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, тврди дека е намалено загадувањето, но додава: “Знам дека не работат некои мерни станици, за да се даде точен податок.” Ида Протуѓер, личен тренер за развој и поранешна новинарка, која живее и работи во Виена, Австрија, вели дека австриската држава ги мотивира граѓаните да допринесат за помало загадување.