Предавање во НУБ: „Библиотеките како простор и за квир заедниците“

Денеска, 1-ви јуни, во Националната универзитетска библиотека во 18 часот ќе се одржи предавањето „Библиотеките како простор и за квир заедниците“, чиј предавач ќе биде м-р Лени Фрчкоска. Модератор ќе биде м-р Томислав Каранфиловски (автор на проектот), а соработници на проектот се Јана Михајловска и Маја Мицевска Ризова.

Предавањето е дел од проектот „Збогатување на библиотечните фондови со публикации коишто се однесуваат на ЛГБТ+ популацијата“, кој се реализира со финансиска поддршка на CENL.

Проектот има цел да придонесе кон поголема видливост и интеграција на квир заедниците во рамки на библиотеките. Практично, преку овој проект, за првпат, преку набавката на соодветна литература, се вклучуваат квир заедниците во рамки на Националната и универзитетска библиотека. Дел од купените книги ќе бидат изложени во холот на библиотеката. Со ова, НУБ „Св. Климент Охридски“ покажува дека е отворена библиотека и за маргинализираните, ранливи и помалку видливи заедници во нашето општество.