Предизвиците кои доаѓаат поради користењето на пластика – агендата на Европа и нејзиниот повеќеслоен пристап

Справувањето со пластика е еден од најактуелните предизвици на кои ЕУ мора да одговори во борбата против климатските промени - и подготвена е да стори сé што е потребно за да ги оствари своите цели.

Веќе е утврдено и широко прифатено дека Европската унија како целина е светски лидер против климатските промени. Иако некои можат да кажат дека ЕУ не оди докрај, а други можат да тврдат дека отишла предалеку, тешко е да се тврди дека има и други субјекти кои биле амбициозни како Европа во нејзините планови за заштита на животната средина.

Клучен дел од борбата на Европа против климатските промени е постапувањето со пластика – еден од најголемите загадувачи на водните тела на Земјата и меѓу главните генератори на вишок отпад.

Во текот на последните неколку години, ЕУ разви стратегија и општ пристап кон постапувањето со пластика – пристап кој е широко усвоен од нејзините земји-членки и имплементиран во контекст на специфичноста на локацијата и регионот, што на крајот може најдобро да им служи на континентот и климатските интереси на планетата.

Европска стратегија – шанса да се постигне промена во големи размери

Назад во 2018 година, по неколку месеци и напорна работа, Европската комисија ја претстави својата историска стратегија за пластика – „Европската стратегија за пластика во кружна економија“. Во рамките на стратегијата, извршната власт на ЕУ ја образложува виталната улога која ја имаат пластичните предмети во нашиот секојдневен живот и што може да стори Европа за да ги направи поодржливи и попријателски настроени кон климата.

Според Комисијата, справувајќи се со проблемот со пластика, Европа може да биде предводник во борбата против климатските промени и загадувањето и на тој начин да поттикне иновации и да открие нови патишта за економски раст во ЕУ.

Поставувајќи план за амбициозно справување со проблем кој никој претходно не се обидел да го реши во толкав обем, Европската комисија создаде силна основа за Европа која делува како парагон на активности што се однесуваат на климата – истовремено собирајќи ги сите придобивки од таквата обврска.

Борбата против пластика – исполнета со предизвици и можности

Меѓутоа, кога се решаваат вакви монументални прашања, сосема е нормално да се очекува големо спротивставување од партиите и групите со голем интерес да задржат статус кво. Сепак, подеднакво, можностите за такво менување на правецот во другите аспекти на животот се исто толку големи.

Наскоро по откривањето на стратегијата за пластика на Комисијата, со таканаречениот „green sentiment“ кој се распростани ширум западна Европа, институциите на ЕУ склучија договор на неверојатно брз начин што го обврза блокот да забрани пластика за еднократна употреба – една од главните придонесувачи за загадувањето.

Според податоците на Комисијата, пластичните пакувања и други слични предмети се одговорни за над 50% од пластичниот отпад. Во меѓувреме, обичен фрагмент се рециклира и повторно се користи на соодветен начин.

Таквите бројки изгледаат проблематични на прв поглед, но се во полза на Европа, бидејќи извршната власт на ЕУ ги потенцираше многубројните можности што може да ги има предвид додека се справува со овој предизвик.

“Spillover“ ефект

Еден од главните проблеми поврзани со постепено отстранување на пластиката е губењето на работни места. Лобистичките групи и деловните активности долго време се спротивставуваа на амбициозниот план против пластика на Комисијата, тврдејќи дека илјадници работни места ќе бидат изгубени во тој процес. Сепак, дури и без воспоставена конкретна стратегија, Европа ги проширува своите можности за рециклирање, кои беа важен генератор за раст, како и за работни места. Според Комисијата, со спроведување на пристапот на големо, можат да се создадат стотици илјади работни места во областа на рециклирање, занемарувајќи ги краткорочните проблеми поврзани со постепено исфрлање на еднократна употреба.

Сличен ефект на прелевање од борбата против пластиката може да се најде во преговорите за следната повеќегодишна финансиска рамка на Европа (МФФ). Како резултат на преговорите, Комисијата доби право да собира даноци – за првпат во историјата на блокот, што може да се претвори во пресвртница за иднината на ЕУ. Еден од новите начини на кои ЕУ ќе може да генерира свои „сопствени ресурси“ е преку комплетно новиот данок за пластика на ЕУ, кој има за цел не само да вложи дополнителни материјални средства во Комисијата, туку исто така ќе ги поттикне земјите-членки, бизниси и поединци да направат премин кон повеќекратни алтернативи.

Различни пристапи во една рамка

Силата на Европа лежи во нејзината разновидност. Додека заедничката рамка за справување со предизвиците на иднината е од суштинско значење за постигнување на било какви цели што ЕУ си ги поставува, националните, регионалните и локалните влади низ целиот континент се тие што се задолжени за процедурите за спроведување на различни стратегии и пристапи, прилагодени на специфичните потреби и очекувања на нивните соодветни заедници и граѓани.

На национално ниво, анти-пластичните стратегии на европските влади не се разликуваат премногу по предметот – повеќето, ако не и сите, се посветени на елиминирање или барем намалување на распространетоста на пластиката за една употреба и се желни да ги зајакнат своите способности преку подобрување на рециклирањето.

Распоредот, меѓутоа, многу се разликува. Некои земји зазедоа пофокусиран пристап, определувајќи да издадат насочени забрани за конкретни ставки, за пократки рокови, како што е заложбата на Германија да забрани пластични сламки до 2021 година. Други се одлучија за поопшт пристап – како Франција, каде властите имаат за цел да ги елиминираат пластиките за еднократна употреба во целост до 2040 година, истовремено зајакнувајќи ги можностите за рециклирање.

Владите ширум континентот исто така се свртија кон наметнување сѐ поголеми давачки за пластичните производи чија цел е да ги дестимулираат бизнисите воопшто да не ги користат, со што се раскинува клучниот синџир на снабдување.

Исто така, голем број земји-членки ќе ги враќаат парите што ги собираат преку овие нови даноци во други еколошки проекти. На пример, легислативата за намалување на користење на пластика на Грција предвидува употреба на средствата собрани од новите даноци за пластика за заштита на морскиот живот на земјата и нејзиното живеалиште, создавајќи кружен ланец што ја штити и заштитува животната средина.

Општините и градовите се во првите редови на спроведувањето на иновативни методи

Сепак, ако некаде можат да се забележат неверојатни разлики, тоа е на локално ниво. Европа е огромна и разновидна – така би имало смисла само нејзините многу локални власти да усвојат радикално различни пристапи за справување со проблемот со пластиката. Понатаму, токму тие службеници се избрани од нивни сограѓани во нивните градови, општини и села, кои најдобро знаат како најправилно да пристапат кон ова прашање, а истовремено да донесат најмногу придобивки за нивните заедници.

Улогата што ја играат локалните самоуправи и урбаните центри во борбата против климатските промени воопшто, а и во овој случај против пластиката, е добро препознаена од официјалните лица на национално и меѓународно ниво. Оттаму, не треба да изненадува фактот што Европската комисија издвојува финансиски средства токму за иницијативи и проекти развиени од градови наменети за справување со загадувањето со пластика во рамките на нејзината програма „Хоризонт 2020“.

Почесто од очекуваното, локалните власти беа побрзи во постапувањето против употребата на пластика отколку институциите на државно ниво. Со оглед на тоа што тие се најдобро позиционирани да понудат решенија по мерка на нивните заедници, можат да се дадат многу одлични примери за успешни политики кои лесно можат да се трансформираат во пошироки решенија.

Многу локални структури активно ја промовираат про-еколошката кауза претворајќи ја во нешто убаво – како што се инсталациите за пластично ѓубре во Билефелд – или во нешто застрашувачко, како аквариумот исполнет со пластика во зоолошката градина во Брно, со намена да ги покаже последиците од прекумерната употреба на пластика. Другите локални власти спроведуваат едукативни кампањи и иницијативи наменети за подигнување на свеста за поздрав и еколошки посвесен начин на живот кај своите граѓани.

Додека локалната самоуправа по дефиниција не може да се надева дека ќе постигне големи промени, тоа го прави на микро-ниво. Почнувајќи од битката за придобивањето на чувствата и мислењата на нивните избирачи преку спроведување на огромен број иницијативи, па сè до промена на сопствените навики и спроведување на одлуки што влијаат на нивната администрација. Да се ​​управува земајќи ги предвид примерите за укинување и забрана на употреба на пластика се покажа како ефикасна алатка – од Лион во Франција па се до Вилниус во Литванија.

Токму преку овие различни и пристапи, Европа има за цел да се справи со пластиката. Со создавање на сеопфатна рамка со амбициозна цел, Европската комисија и земјите-членки зазедоа одговорен став во однос на климатските промени.

Дозволувајќи извршување и креирање на специфични локации за политики – и нивните очигледни успеси, во меѓувреме уште еднаш покажаа дека континентот може да направи големи чекори ако ја прифати неговата разновидност и ја користи за општо добро.

 

Превод: Гала Насева 

Source The Mayor