Скандал „Онкологија“: Како може да се открие вистината?

Скандалот „Онкологија“ го отвори клучното прашање: Како може да се открие вистината? Гледајте го сведоштвото на Александра Величковска- пациентка на „Онкологија“- кои се нејзините сомнежи за нејзиното лекување, каква е специјалната соба на „Онкологија“, зошто нејзината борба е и наша, заедничка борба за вистината.

„25 минути“ бара и одговори од независни извори од Европскиот Парламент и од Франција- истражува Тони Гламчевски.

Гости во „25 минути“ се Александра Величковска – пациентка на Онкологија во Скопје, Бруно Петиткола – фармацевт, Ирена Јовева- европратеничка од Словенија и заменичка претседателка на Поткомисијата за јавно здравје- Европски Парламент и Виржини Адам – психолог на Институтот за канцерологија во Лорен.

Гледајте „25 минути“ со Биљана Секуловска на ТВ Шења секоја недела во 20:30 и на ТВ Ера секоја недела во 21:30.