Случај Општина Бутел: Бунт на пензионерите

Според Законот за здруженија и фондации, македонските пензионери се организирани во свои здруженија со доброволна партиципативна членарина.

Кога еден работник се пензионира, се прашува дали сака од својата пензија да издвојува средства за солидарен фонд и членарина во едно од 53те пензионерски здруженија. Пари кои потоа, според податоците со кои располага Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, им се распределуваат на здруженијата за исполнување на нивните програми.

Каде одат парите на пензионерите кои им ги повлекува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување секој месец? Каков е случајот со Општина Бутел по бунтот на пензионерите за нетранспарентната постапка на избор на претседателот Љупчо Димовски, кој одбива да застане пред камерата на 25 минути? 

Гости во 25 минути се Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Станка Трајкова, претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Тони Гламчевски новинар, Париз, Франција, и пензионерите Ристо Волчевски и Трајко Ристовски.