Студенти го блокираа влезот на Архитектонскиот факултет во Белград
Група студенти на Архитектонскиот факултет во Белград на 27 февруари започнаа со блокирање на влезот факултетот, по седницата на Советот на факултетот на која била донесена одлука за покачување на школарината.
Студентите најавија за протестите на Архитектонскиот факултет на Инстаграм страната на anketa_arh.bg, која исто така претходно објави известување дека новинарите не се поканети на денешниот собир. Повод за ова беше седницата на Советот на факултетот на која се одлучуваше за партиципацијата за следната учебна година.
По приговорите на студентите, Советот на Архитектонскиот факултет делумно се откажа од првичниот предлог на Наставно-научниот и уметничкиот совет, партиципацијата за основните студии да се зголеми од 240.000 на 290.000 динари.
Цената на партиципацијата ќе важи за бруцошите кои се самофинансираат – што е во согласност со сумата што ја добива факултетот за буџетски студент – додека за останатите студенти поскапувањето ќе биде во согласност со стапката на инфлација од 15%, така што школарината ќе биде 270.000 динари.
Деканот на Архитектонскиот факултет Владимир Лојаница не сакаше да ги коментира актуелните случувања на факултетот.
Архитектонскиот факултет не е единствениот кој одлучи да ја зголеми школарината. Повеќе факултети кои се дел од Универзитетот во Белград биле принудени на тој чекор поради зголемената инфлација.