Функционерите си зголемуваат плати, критиките се игнорираат

Спонтани пазарувања по маркети на премиерот Димитар Ковачевски и некои од министрите, со цел да покажат дека се грижат за потрошувачката кошничка на граѓаните. Порака граѓаните да се радуваат дека во Македонија се гради и работа има за сите од вицепремиерот Артан Груби. Фотографии и промотивни кампањи од министри и директори насекаде по социјалните мрежи.

И сето ова за да се долови транспарентност во работењето на Владата, во чиј мандат пак, неретко излегуваат информативни натписи од доверливи медиуми за семејни релации при корпоративни зделки.  Згора на тоа, оваа недела именуваните државни функционери добија плати повисоки за 78 отсто. Тоа пак предизвика бура од реакции на социјалните мрежи но и неколку помали протести.

Гости во 25 минути се Жанета Трајковска од Институтот за комуникациски студии, Искра Белчева Ристовска од Центарот за управување со промени Билјана Ивановска, претседателка на Анти- корупциската комисија и од Лондон, В. Британија, Зоран Стевановски, поранешен новинар во Би-Би-Си.