Шест жени убиени откако го пријавиле својот партнер за семејно насилство

Шест жени во Северна Ирска се убиени од 2015 година наваму и покрај тоа што претходно ги пријавиле нивните насилни партнери во полиција.

Една жена ја контактирала полицијата осум пати пред да биде убиена, покажуваат бројките добиени од BBC во Северна Ирска.

Семејството на една од жените рече дека е потребно построго законодавство за да се заштитат жените. Нов нацрт-закон за зајакнување на законодавството на Северна Ирска во случаите на домашно насилство во моментов се разгледува од страна на собранието. Полицијата соопшти дека построг законот за заштита на жртвите е добредојден.

Кони Леонард беше убиена во нејзиниот дом во Мегјуисбриџ, округ Ферманаг, во 2017 година. Нејзиниот брат Фергал рече дека на полицијата треба да и се дадат посилни овластувања за справување со семејното насилство.

Тој за BBC изјави: „Постојат голем број работи што чувствувам дека можев да ги сторам и кои можеби ќе го спасеа животот на Кони.“

„Кони  е последната личност на светот на која мислев дека ќе и се случи нешто.“

Г-ѓа Леонард и нејзиниот син Конор, кој има Даунов синдром, беа нападнати од 55-годишниот Пидар Фаер, поранешен партнер на г-ѓа Леонард.

Таа го пријавила Фаер три пати пред да биде убиена и против него судот издал забрана за малтретирање, но Фаер подоцна си го одзел животот.

Photo: Leonard Family

Леонард изјави дека полицијата мора „да знае кои се нивните овластувања и дека тие треба да ги користат ефикасно.“

Мора да има „соодветно следење“ и полицијата мора да знае „какви постапки треба да преземе.“

Полициската служба на Северна Ирска (ПССИ), која ги достави бројките до BBC по барањето поради слобода на информации, соопшти дека зголемена заштита на жртвите на домашно злоставување е добредојдено.

Инспекторката Линдзи Фишер рече: „Во однос на законодавството, полицијата е обврзана со законот и го почитува.

„Затоа, ние секогаш постапуваме во рамките на законот во однос на нашиот одговор на прашања поврзани со домашното насилство или било кое друго кривично дело.

„Полицијата ќе го поздрави секое понатамошно законодавство што ќе ги поддржува жртвите на домашно злоставување и ќе се обиде да ги изведе прекршителите пред судовите.

Инспеткорката Фишер ги повика сите што страдаат од злоупотреба да „се обрати до полицијата или до член на семејството.“

Таа додаде: „ПССИ е тука за да им помогне на жртвите на домшно насилство и имаме воспоставени засилени услуги за поддршка.“

Министерката за правда Наоми Лонг рече дека процесот на зајакнување на законите на Северна Ирска е во тек.

Таа рече дека размислува за воведување налози за заштита на семејно насилство, со кои се дозволува полиција во другите делови на Велика Британија да интервенира таму каде што веруваат дека некое лице е изложено на ризик, но немаат доволно докази за да покренат кривична пријава.

Таа рече: „Синоќа го одобрив процесот на консултации за известувања и наредби за заштита на домашна злоупотреба. Тоа ќе се случи во текот на следните неколку недели.“

Одделно, нацрт-законот за зајакнување на законодавството за домашното насилство се враќа во Стормонт во декември.

Тоа ќе значи дека делата за семејно насилство во Северна Ирска повеќе нема да бидат ограничени само на физичко насилно однесување.

Тоа ќе направи формата на малтретирање позната како присилна контрола за првпат да се смета за прекршок во Северна Ирска.

Пресудите за најсериозните кривични дела во врска со семејното насилство ќе носат казна затвор до 14 години.

‘Не е доволно добро

Соња Мекмулан од здружувањето „’Женска помош“ од Северна Ирска изјави дека на полицијата и требаат „поцврсти овластувања“ во врска со домашното злоставување.

Тој рече: „Законодавството што постои во другите делови на Велика Британија не е исто како законодавството во Северна Ирска.

„Тоа едноставно не е доволно добро, во врска со наредбите за заштита и наредбите за итни случаи што ќе и дадат на полицијата повеќе овластувања за да го отстранат сторителот и самите да добијат наредба. Потребни ни се итни наредби за забрана и овластувања што го тргаат товарот од жртвата и каде полицијата ќе ја добие таа наредба со или без согласност на жртвата.“

Превод: Рушка Бабиќ 

Source BBC