25 минути: Ексклузивни сведоштва на граѓани во мрежата на Мy World

Интересот за поголема и постабилна заработка секогаш со себе носи финансиски ризик. Некогаш е пресуден моментот во кој се наоѓате во животот, некогаш средствата кои ги имате при рака за инвестирање. Таквите услови, се плодна почва за маркетери од различни бизнис ентитети да ви пристапат и низ своите убедувачки техники да ви ја продадат идејата за повеќе пари.

Купувањето облаци во поранешен Лајонес, денешен MyWorld, оставил трага врз животите на сведоците со кои разговараше редакцијата на „25 Минути“. Нивната и приказната на луѓе со кои заедно граделе мрежа од која треба да профитираат, била инспирирана од желбата за подобар живот.

Во новото издание на 25 минути можете да ги слушнете личните сведоштва на лица кои имале лично искуство со Лајонес шемата. Останатите гости во емисијата се Горан Иванов, директор на Управа за финансиска полиција, и Ани Пивоварова Јакимовски, адвокатка.