25 минути: Ова е држава во која владее неказнивоста

Долги истражни постапки, „антологиски“ судења, одложувања со банални образложенија, слаби обвиненија, укинати пресуди…Ова се дел од причините поради кои во Македонија случаите кои се од големо значење за јавноста како случајот со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, пожарот во модуларната тетовска болница, автобуските несреќи во Бугарија и Ласкрци. Овие случаи ретко добиваат судска разрешница. „25 минути“ истражува зошто во земјава се практикува културата и политиката на неказнивост, која е причината за кревката доверба во правосудството и зошто правдата се дели бавно и селективно и во многу случаи никој не одговара.

„Одложената правда е ускратена правда“. Оваа позната максима со горчина ја кажуваат тие што се заглавени во македонските судски тунели. Причината е јасна, честопати патот до неа трае со години и чини скапо, но најмногу од сè, одложувањето на судските постапки ги тера граѓаните да ја изгубат вербата во ефикасното работење на институциите.

Гости во 25 минути се Билјана Ивановска, претседателка на Антикорупциската комисија, Дарко Аврамовски од Коалиција „Сите за правично судење“, Трендафил Ивановски, поранешен уставен судија и Љупчо Јовевски, јавен обвинител на Македонија.

Source 25 Minuti