25 Минути: Расфрлање со пари на граѓаните – скромноста не е одлика на оваа Влада

Која е оправданоста на Владата среде енергетска, економска криза и пандемија да се трошат околу 40.000 евра за нови прибори за ручевање со највисок квалитет од кристал и порцелан и 7.658 евра на апетисани?

Додека сè уште во земјава владее пандемија со коронавирус и власта инвестира во мерки кои треба да и помогнат да се крене економијата на нозе, Владата без наведено образложение ќе се поднови со нов скапоцен кујнски прибор, функционерите ќе јадат прва класа апетисани а во државните институции оваа година ќе се возат и нови луксузни возила.

Гости во новото издание на 25 минути се Биљана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Виктор Митевски, Организација за истражувања и анализи ЗМАИ, Пеце Мирчески, директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата и Бранимир Јовановиќ, истражувач во Виенскиот Економски Институт.

Source 25 Minuti