25 Минути: Слободата на медиумите е ограничена од зависноста на медиумите од пари

Македонија бележи скок од 33 места на глобалниот индекс за слободата на медиумите за 2022 година на „Репортери без граници“. Минатата година, Македонија беше на 90 место, а оваа година се наоѓа на 57 место. Сепак, и покрај подобрувањето на македонскиот новинарски пејсаж, стапката на неказнивост за нападите врз медиумските работници останува многу висока. „25 минути“ истражува кои се слабостите во медиумската сфера, зошто примањата на новинарите се ниски и на кој начин треба да се подобри довербата во јавните гласила, додека новинарите континуирано се напаѓаат.

На медиумите најчесто се гледа како на организации кои имаат две главни функции: да ја разградуваат, но и да ја воспоставуваат моќта. Поради пукнатините што ги има насекаде низ медиумската сфера, како негрижата за медиумскиот плурализам, зависноста од бизнисот и политиката но и експонирањето на културата на нетранспарентност, главните функции на медиумите не функционираат.

Гости во 25 минути се Младен Чадиковски, претседател на Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ), Теодора Цветковска, Новинарски синдикат и Душко Арсовски, портпарол на Владата.

Source 25 Minuti